Author: saso

За првпат во историјата, Австралиец ќе суди натпревар во англиската Премиер лига. Имено, Џаред Жилет ќе биде судија на натпреварот од англиската Премиер лига меѓу Ватфорд и Њукасл во следното коло кое е на програмата викендов. Жилет е судија со значка на ФИФА, а одлично ја познава и англиската Премиер лига затоа што претходно работеше како судија во ВАР собите на неколку натпревари. Тој беше дел од повеќе судиски семинари и кампови во Англија, а досега судеше во пониските лиги на англискиот фудбал, и во Австралија каде што е роден. Викендов ќе го има своето деби на терените на една…

Read More

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта веќе има свој фаворит за наследник на Куман, доколку соработката биде прекината во скоро време. Според шпекулациите во шпанскиот печат, Лапорта сака да го назначи Андреа Пирло за нов главен тренер на тимот. Сепак, поранешниот тренер на Јувентус не е единствениот кандидат. Шпанските медиуми пишуваат дека списокот со потенцијални наследници на Куман вклучува најмалку 5-6 имиња. Меѓу нив и оние на Антонио Конте, Филип Коку и Чави.

Read More

Наполи е единствениот тим со максимални четири победи на стартот на новата сезона во Серија А. И покрај големиот успех, Спалети остана цврсто на земја во најавите за освојување на титулата. „Не можам, а да не бидам задоволен од нашиот настап. Излеговме со вистинскиот став. Сите одиграа добро. Сезоната е долга, но дефинитивно имаме сериозен квалитет. Можеби ни недостасува доволно долга клупа и тоа ја прави разликата со фаворитите. Милан е многу силен тим, Интер функционира добро, иако се раздели со две свои sвезди. Нашата голема сила е љубовта кон нашите навивачи. Ова е нешто што може да им даде…

Read More

Интер има намера да се раздели со напаѓачот Алексис Санчез во зимскиот преоден рок. „Кориере дело Спорт“ објави дека италијанскиот шампион е подготвен дури и бесплатно да го ослободи 32-годишниот Чилеанец, кој во најголемиот дел о дпрестојот во Милано беше повреден. Договорот на Санчез со Интер е со важност до 2023 година. Напаѓачот заработува 7 милиони евра годишно во клубот и неговото заминување би било големо олеснување за касата на миланезите. Во август, беше објавено дека Санчез може да се пресели во турски Фенербахче, но договорот никогаш не се оствари. Турскиот клуб му понуди на играчот само половина од платата,…

Read More

Тренерот на Барселона, Роналд Куман одби да зборува за својата иднина во клубот по ремито во петтото коло од шпанското првенство со Гранада (1:1). „Мораме да им се заблагодариме на навивачите бидејќи не поддржуваа до последен момент. Ремизиравме, но беше тежок натпревар. Нема да зборувам за својата иднина. Ако имавме малку повеќе среќа, можевме да победиме на овој натпревар. Дадовме се од себе за да победиме. Денешната Барселона не е Барселона од пред осум години“, вели Куман.

Read More

Ракометарите на Вардар в среда во Скопје го пречекуваат Мешков Брест во вториот меч сезонава во Лигата на шампионите. На прес-конференцијата пред мечот, за очекувањата зборуваше првиот човек на клупата на „вардарци“, Веселин Вујовиќ. “Едно е сигурно, а тоа е смртта, а се друго е релативна работа. Не сакам да се жалам, но во последните сеудм дена одигравме четири меча, и ако ги сметаме Мешков Брест и Еурофарм Пелистер, тоа ќе бидат шест за 14 дена. Вардар во овој момент нема капацитет за толкав број на натпревари. Но ајде да не биде се црно. Како што знам и Мешков има…

Read More

Манчестер Сити ќе мора да се потпре на дел од младинците од тимот до 23 години за натпреварот од Лига Купот на Англија во вторникот против Викомб Вандерерс, бидејќи многу од клучните играчи се повредени, откри менаџерот Пеп Гвардиола. „Немам алтернатива за натпреварот со Викомб. Ќе излеземе со некои од младите момчиња од вториот тим“, потврди Гвардиола. „Имаме проблеми со Џон Стоунс, Емерик Лапорт, Александар Зинченко, Родри и мислам дека и Илкај Гундоган има проблем што нема да му дозволи да игра. Но, се отвора добра можност за момчињата од Академијата и тие мора покажат зошто се во клуб како…

Read More

Фудбалерот на Барселона, Серхи Роберто се договорил со управата на клубот и ќе потпише нов договор за уште две години. Ова ќе се случи на почетокот на следната недела, објавија весникот Марка. 29-годишниот играч за врска се согласил да ја намали платата и ќе се обврзе на верност до 2024 година. Така, сите четворица капитени на „Камп Ноу“ сега ќе имаат намалени плати, како што претходно истото го направија Жерар Пике, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Read More

Баерн Минхен има намера да потпише нов договор со напаѓачот Серж Гнабри до 2026 година. Минхенци веќе преговараат со агентите на 26-годишниот играч на германската репрезентација и наскоро може да се очекува и финализирање на преговорите. Сегашниот договор меѓу Гнабри и Баерн Минхен важи до јуни 2023 година. Напаѓачот веќе дојде до бројката од 3 гола на 5 натпревари во тековната сезона во Бундеслигата.

Read More

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше задоволен од промената на самодовербата и односот на тимот кога се соочува со најсилните ривали. „Росонерите“ доцна синоќа стигнаа до бод на гостувањето кај Јувентус, а на крајот можеа дури и да стигнат до победата. „Дојдовме во Торино да победиме. Јувентус доминираше во првите 20 минути, но како што одминуваше натпреварот го подигнавме нивото и имавме шанса да направиме целосен пресврт. Генерално, задоволен сум. Лошо беше што повторно дозволивме наивен гол, по што противникот си замина на својата половина и играше на контранапади. Позитивно, не престанавме да бараме излез од тешката ситуација. Покажавме карактер…

Read More