Рускиот тенисер Данил Медведев е новиот освојувач на УС ОПен. Во финалниот меч Медведев со 3:0 го победи првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќи освен што ја освои првата Грен Слем титула во кариерата, го запре Ѓоковиќ во походот по сторискиот 21. Грен Слем трофеј. „Тој одигра многу прецизно. Се чувствуваше дека го изведува секој удар максимално од своите способности. Имаше тактичка сигурност. Тој совршено го исполни својот план. Од друга страна, играв под моето ниво. Нозете не работеа. Се обидов, дадов се од себе. Но, тој дозволи многу неизнудени грешки. Кога играте со човек како Медведев, која сервира многу прецизно,…
Author: saso
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по победата од 5-2 над Селта вели дека тимот одиграл според договореното. „Речиси се помина добро. Играта се уште не е совршена. Навивачите многу ни помогнаа. Имавме две дефанзивни грешки на кои треба да работиме. Во исто време, нашиот напаѓачки потенцијал е неверојатен. Секако, мора да бидеме подобри во одбраната. Добро реагиравме и тоа ни помогна да победиме, но не треба да ги даваме тие топки така лесно. Треба да постигнеме рамнотежа. Ќе зборуваме за она што не успеавме да го направиме денеска“, вели Анчелоти.
Барселона е подготвена силно да тргне по потписот на играчот за врска на РБ Лајпциг , Дани Олмо во јануарскиот преоден рок. Според ТВ каналот Еспорт3, каталонскиот клуб е подготвен да плати 70 милиони евра за 23-годишниот играч. Тој е приоритетна цел на Каталонците оваа зима. На последниот ден од летниот преоден рок, Барса и Олмо се договорија за 5-годишен договор, но клубовите не успеаја да се договорат за откупната цена. Се очекува во блиска иднина клубот да започне преговори со Лајпциг. Актуелниот договор на Олмо со германскиот тим истекува летото 2024 година.
Бруклин официјално објави потпишување договор со Пол Милсап. 36-годишниот кошаркар на Денвер, следната сезона ќе биде дел од составот кој претендира да ја напрадне титулата во НБА лигата. Претходно, имаше информации дека Милсап очекува да добие најмалку 5,9 милиони долари за новиот договор со Бруклин, откако одби да потпише минимален договор со Денвер. Минатата сезона, четирикратниот Ол-стар учесник одигра 56 натпревари за Денвер со просек од 9 поени, 4,7 скокови и 1,8 асистенции.
Кошаркарскиот клуб Армани Милано се одлучи на необичен потег во пресет на новата сезона. Имено, според генералниот менаџер на италијанскиот кошаркарски гигант, екипата следнава сезона ќе има двајца капитени – Николо Мели и Серхио Родригез. Иако е практика тимовите да имаат капитен и заменик, во Милано одлучија да направат промена и Мели и Родригез ќе имаат иста титула. „Заедно ја донесовме одлуката да именуваме двајца играчи кои значат многу за овој клуб. Николо поради неговата историја, Серхио поради сe што претставуваше неговото доаѓање за нас. Ова не е симболичен потег, тие се пример за секого поради нивната професионалност и посветеност,…
Поранешниот возач на Формула 1, Нико Хулкенберг изјави дека не преговара со Алфа Ромео и дека нема да се врати во тркачката серија во 2022 година. Хулкенберг првично беше именуван како кандидат и за Алфа Ромео и за Вилијамс. Нико сега работи како експерт за германската телевизија. „Не, не преговарам со Алфа Ромео. Ова значи дека ја губам последната можност да се вратам во Ф1 во 2022 година, бидејќи сите други места веќе се зафатени. Но, животот продолжува. Имам интересни предлози од други тркачки серии и не брзам да донесам конечна одлука. Ќе ги решиме сите прашања, а потоа ќе…
Играчот за врска Марсел Забицер, кој се пресели од РБ Лајпциг во Баерн Минхен, ги сподели своите емоции откако направи трансфер во наголемиот германски состав. „Мразам да губам – татко ми го всади тоа во мене. Сакам притисок, сакам да чувствувам дека треба да направам нешто. Јас сум на вистинското место. Сакам да решавам натпревари и да земам трофеи. Многу ми е удобно во Баерн. Отсекогаш сонував да бидам во Баерн. Но, јас не добивам ништо само така. Работев напорно за да стигнам овде“, рече Забицер. Баерн Минхен го објави трансферот на Забицер од Лајпциг на 30 август. Минхенскиот клуб…
Македонската одбојкарска репрезентација ја заврши својата епизода на ЕП во Финска. По петте порази во групната фаза, одбојкарите се на пат за дома. Останува впечатокот дека не го покажавме нашиот максимум и дека нешто не функционираше како што треба. „Длабоките анлизите претстојат, сега само можеме да зборуваме за првични импресии. Јасно е дека треба да почнеме да работиме на создавање услови за да можеме да бидеме натпреварувачки порамноправни на наредното европско првенство на коешто ќе ја имаме улогата на коорганизатор“, вели претседателот на ОФМ, Петар Јовановски. Фактот што македонските одбојкари третпат по ред ќе играат на континенталните собири не е…
Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Мирко Ивановски денеска беше и официјално промовиран како нов член на романскиот гигант, Динамо Букурешт. Ивановски пред неколку дена беше потврден како ново засилување за составот од Букурепт, но се чекаше да се тргне забраната за трансфери, и официјално да стане дел од новиот клуб.
Македонската фудбалска репрезентација, вечерва (20:45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Романија во меч од 6. коло во квалификациите за СП 2022. По двете ремија со Ерменија и Исланд, момците на Благоја Милевски вечерва ќе имаат „трета среќа“ за победа. Во Рејкјавик минатата недела имавме одлична шанса за победа, но и покрај водството од 2:0 на крајот зедовме само бод, што не донесе до четвртото место во квалификациската група „Ј“ со осум бода, еден помалку од вечерашниот противник. „Ова ќе биде комплетно различен натпревар од оној што го одигравме во Букурешт. Не мислам дека е решавачки. Се надевам…
