Author: saso

Задар денеска е домаќин на финалните натпревари од тековната сеозна во СЕХА Гаспром лигата. По полуфиналните дуели пред два дена, денеска хрватскиот град ќе го даде и името на новиот регионален шампион. Во очекување на почетокот на мечот за 3. место и големото финале, во ексклузивно интервју за Спортското радио 90.3 фм, директорот на СЕХА лигата, Синиша Остојиќ, зборуваше за случувањата во лигата оваа година, за плановите и стартот на новата сезона, како и сите проблеми со кои се соочи СЕХА поради пандемијата на глобално ниво. „Цела година беше многу тешка. Овој Ковид ни ги промени животите и на жал…

Read More

Освојувачот на пет олимписки медали и шампион на 100 метри од Атина 2004, Џастин Гетлин, ја завршува кариерата на 39-годишна возраст. Светскиот шампион од Лондон 2017, кој во тоа време го победи и легендарниот Усеин Болт, го најави својот последен спринт. Американецот ќе и каже „збогум“ на атлетиката на 14 септември во Белинцона, Швајцарија. На последната трка на Џастин ќе се појави и Фред Керли, олимпискиот вицешампион од Токио на 100 метри, како и Андре де Грас, златниот на 200 и бронзен на 100 метри од последната Олимпијада. На Олимписките игри во Лондон 2012 година, Гетлин освои бронзен медал на…

Read More

Поранешниот дефанзивец на португалската фудбалска репрезентација, Бруно Алвеш, од денеска е нов фудбалер на екипата на Аполон Смирна во грчката Супер лига. 39-годишниот фудбалер потпишал договор на една сезона. Пред да се договори со грчкиот клуб, Алвеш беше дел од португалски Фамаликао.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Рејкјавик ќе го одигра и петтиот натпревар во квалификациите за пласман на СП во Катар во 2022. Нашите најдобри фудбалери вечерва против домаќинот Исланд ќе се обидат да ја извојуваат третата победа во квалификациите, прва под водство на новиот селектор Благоја Милевски. „Ерменија останува зад нас, жалам за пропуштените два бода, но направивме сѐ што беше во нашите можности. Ни недостасуваше завршницаи реализација. Се надевам сега тоа ќе го подобриме. Наше е да одиме да одиграме најдобро што знаеме, да одиме на победа. Нè очекува тежок и неизвесен натпревар“, потенцираше пред мечот, Милевски. Дуелот во…

Read More

Оваа година по деветтипат, Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје ја организираше Авицена Женската трка. И годинава организирана според протоколот и препораките одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, учесничките трчаа на 3 километри, а стартот и целта беа во Градскиот Парк. Победничка на женската трка оваа година е Билјана Кираџиева која истрча време од 11:04 минути, пред Душица Јанковиќ и Вера Урдаревска. Инаку учесничките беа категоризирани во неколку возрасни групи. Во онаа кај најмладите до 12 години победи Исидора Исјановски, до 14 години најдобра беше Росана Гошева, додека до 18 години прва…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 ч.) на Националната Арена во Скопје ќе го има првиот натпревар од септемврискиот квалификациски циклус за СП 2022 и прв по настапот на Европското првенство кое се одржа во јуни. Под водство на новиот селектор Благоја Милевски, нашите фудбалери со малку и променет состав ја пречекуваат Ерменија, која квалификациите ги почна со три победи. „Оптимист сум, иако немавме доволно време да ги пренесеме сите наши замисли и идеи. Но, верувам во фудбалерите и во нивниот професионализам. Тие се добри карактери и се адаптираат на сите нови замисли“, истакна селекторот на прес-конференцијата пред мечот. Против Ерменија…

Read More

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска во 18:30 часот на ММ Арена во Ле Ман ќе го одигра воведниот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство во Романија и Грузија 2023 година. Селекторот Драги Канатларовски се соочува со проблеми поради отсуството на Марио Младеновски (Ботев Пловдив), Адриан Хајдари (Рапид Виена) и Димитар Тодоровски (Работнички). Тројцата поради позитивен Ковид-19 тест ќе ги пропуштат двата воведни натпревари од квалификациите за ЕП 2023. Амел Рустемоски од швајцарски Вил поради повреда заработена на клупскиот тренинг не е во можност да се стави на располагање за првиот меч против Франција. „Очекуваме…

Read More

Селекторот на репрезентацијата на ерменија, Хоакин Капарош, во пресрет на денешниот меч со Македонија во Скопје истакна дека имаат полн респект на нашата репрезентација и покрај тоа што има промени во нашиот тим по ЕП. „Знаеме дека со напорна работа може да се стигне до големите настани. Противникот има нов селектор, ама најголемиот дел од фудбалерите се оние кои беа на ЕП. Знам дека има неколку млади фудбалери, но тоа е развојот на секоја репрезентација. Македонија ја почитуваме но ние сакаме да стигнеме до позитивен резултат во Скопје, да играме на ниво кое ни овозможи добра шанса за тоа. Михтарјан…

Read More

Македонската параолимпијка на Игрите во Токио, Оливера Наковска-Бикова денеска во вториот настап во стрелаштво не успеа да обезбеди уште едно финале. Во дисциплината 25 метри пиштол, класа СХ1, мешано, таа имаше одличен старт во натпреварите во прецизност каде со 290 круга беше второпласирана, но во втората дисциплина Рапид или брзо стрелање остана на 9. место и за само една позиција не успеа да се најде во осумте патници во финалните дуели. Наковска-Бикова во својот прв настап на Параолимписките Игри во Токио го освои 6. место во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри, а сега за два дена и преостанува и…

Read More

Трансферот на Франк Рибери во Верона може да пропадне затоа што Французинот не може да се договори за платата со италијанскиот прволигаш. 38-годишниот Рибери начелно имаше договор со Верона, но, според последните вести, камен на сопнување во преговорите може да бидат прекумерните финансиски барања на фудбалерот. Според изворот, Рибери сака да добие 1,8 милиони евра од Верона за едногодишен договор. Раководството на клубот смета дека оваа сума е преценета. Сепак, Верона се уште е заинтересирана за Рибери доколку играчот ги намали финансиски апетити.

Read More