Поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен и германски репрезентативец, ветеранот Жером Боатенг кој е слободен играч, по се изгледа ќе му се приклучи на Лион. Новинарот Фабрицио Романо на својата страница на Твитер објави дека договорот треба да биде потпишан денеска. Според изворот, 32-годишниот германски фудбалер ќе ги мине лекарските прегледи денеска и ќе потпише двегодишен договор со францускиот клуб. Боатенг претходно ги договори условите за личен дого
Author: saso
Ракометарите на Вардар успеаја да се пласираат на фајналфор турнирот од СЕХА-лигата, но тренерот Веселин Вујовиќ беше незадоволен од завршницата на мечот во кој лесно можеше да се случи ППД Загреб да ја надомести негативата од Скопје. „Игравме очајно во последните пет минути. Ако не беше така, резултатот ќе изгледаше многу подобро за нас. Морам да признам дека очигледно се мачевме со позициониот напад. Тоа е нешто на што ќе мораме да работиме во наредниот период, ако сакаме да бидеме конкурентни во Лигата на Шампионите“, изјави тренерот Вујовиќ.
Македонскиот младински репрезентативец, Давид Тошевски во последниот ден од преодниот рок заврши во Полска. Тој е испратен на нова позајмица од руски Ростов и во новата сезона ќе игра во полската фудбалска елита. Тошевски ќе го носи дресот на Горњик Забже. Интересно е што во овој клуб од пред неколку месеци настапува и славниот Лукас Подолски.
Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на УС Опен откако утрово, по четири одиграни сета го совлада данскиот тенисер Холгер Руне со 3-1 (6:1, 6:7 (5), 6:2, 6:1). Ѓоковиќ тотално доминираше во три од четирите сета и единствено му дозволи во вториот сет на својот противник да се понадева на некаква сензација. Ѓоковиќ доцна се разбуди во вториот сет, па не успеа комплетно да се врати и му дозволи на Данецот да израмни на 1:1, за потоа вос ледните два сета да ја потврди доминацијата и пласманот во следното коло. Таму го очекува меч против холандскиот тенисер Талон Грикспур, кој…
Барселона вчера беше меѓу најактивните клубови во завршницата на преодниот рок. Каталонците успеаја да се ослободат од неколку фудбалери кои беа непотребни во составот на Роналд Куман, а меѓу нив и ѕвездата Антоан Гриезман, кого го испратија на позајмица во Атлетико Мадрид, со обврска за „јорганџиите“ да го откупат неговиот договор следното лето. Како замена за Гризман во во нападот, Каталонците го доведоа Лук Де Јонг од Севилја, истотака како позајмен.
Македонската кошаркарска репрезентација денеска ги доби противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година. Нашата селекција се најде во групата Г заедно со селекциите на Грузија, Шпанија и Украина. Квалификациите ќе почнат на 22 ноември. Ќе бидат поделени во две фази. Планирани се вкупно шест ФИБА „прозори“, или вкупно 12 натпревари за пласман на Светското првенство. За пласман во следната фаза Македонија треба да заврши на едно од првите три места.
Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон потпиша нов договор со клубот. Денеска од Ливерпул ја потврдија новата соработка со Хендерсон која по се изгледа ќе го задржи во клубот до крајот на кариерата. „Очигледно сум почестен и горд да го продолжам моето патување тука. Фантастично е што конечно се заврши процесот на потпишување и сега може да се концентрирам на иднината. Секако дека сум друг човек и играч од оној кога дојдов овде. Многу научив и пораснав во клубов и за тоа сум им благодарен на многу луѓе. Ја сакав секоја минута, дури и кога ќе погледнам во тешките времиња наназад…
Манчестер Јунајтед на својата официјална веб-страница го потврди потписот на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо. 36-годишниот Португалец потпиша двегодишен договор со „црвените ѓаволи“ со можност за продолжување на уште една сезона. Кристијано играше за Манчестер Јунајтед во периодот од 2003 до 2009 година, откако се пресели таму од Спортинг, во кој ја започна својата кариера. @Cristiano is back!#MUFC | #RonaldoReturns — Manchester United (@ManUtd) August 31, 2021
Формула 1 планира да ги промени правилата што му овозможија на Макс Верстапен да победи на Големата награда на Белгија без практично и да се одржи трката. Поројниот дожд не остави шанси за трка, но според досегашните правила, два круга по безбедносното возило се доволни за да се формира пласман, а возачите во првите десет да добијат половина од бодовите. Повеќето возачи ја критикуваа одлуката во неделата, додека возачот на Ред Бул, Верстапен сепак успеа да ја намали разликата од Луис Хамилтон во генералниот пласман на 3 бода. Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, зборуваше за можна промена на правилата:…
Македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова, успеа да се пласира во финалето во натпреварите во дисциплина воздушен пиштол 10 метри, класа СХ1 на Параолимписките игри во Токио. Утрово, таа беше осма во квалификациите и успеа да се пласира во финалето,. Таму успеа да го подобри својот пласман, па го зазеде шестото место со резултат 147,9. Златото и припадна на Иранката Јаванмарди, додека сребрена заврши Пехливанлар од Турција. Бронзениот медал во оваа дисциплина беше за Давид од Унгарија. За нашата параолимпијка ова беше првиот настап, а во наредните денови ќе има уште два настапи во дисциплините 25 и 50 метри пиштол.
