Author: saso

Македонската фудбалска репрезентација синоќа почна со првите тренинзи во пресрет на трите квалификациски меча кои не очекуваат во наредните денови. Под водство на новиот селектор Благоја Милевски, репрезентативците почнаа со подготовка на стратегијата за првиот ривал, селекцијата на Ерменија. Еден од столбовите во нашата одбраа, Висар Муслиу, во очекувањ ена дуелот со Ерменците изјави: „Среќен сум што сум дел од оваа репрезентација. Првите три натпревари во квалификациите за СП 2022 беа според планот со бодовите, но треба уште да се подобриме во следните средби. Мора да се прилагодиме на плановите и на идеите на новиот стручен штаб, но тоа мислам…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација денеска (12 часот) ќе ги дознае противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година. Нашата селекција се најде во последниот осми шешир пред ждрепката која ќе се одржи во Минхен. Заедно со нас во последниот шешир се и селекциите на Шведска, Португалија и Словачка, кои нема да ни бидат ривали во квалификацискиот дел. Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи од по четири селекции, а квалификациите ќе почнат на 22 ноември. ШЕШИР 1: Шпанија, Француска, Словенија, Србија ШЕШИР 2: Италија, Литванија, Грција, Германија ШЕШИР 3: Чешка, Полска, Русија, Турција ШЕШИР 4: Црна Гора, Летонија, Украина,…

Read More

18-годишниот играч од средниот ред на Рен, Едуардо Камавинга е блиску до преселба во Реал Мадрид, објавија бројни француски медиуми уште синоќа. Реал му понуди на Рен околу 30 милиони евра плус бонуси за младиот Камавинга, кој претпочита да го напушти Рен сега, отколку како слободен играч во 2022 година. Страните се блиску до договор, а фудбалерот ќе потпише договор до јуни 2026 година. Беше објавено дека Рен е подготвен да го продаде играчот во преостанатите осум дена од преодниот рок и очекува да добие 35 милиони евра за него.

Read More

Селекторот на македонската А-репрезентација, Благоја Милевски со свое видување во пресрет на собриот на репрезентацијата за квалификациските натпревари во септември за пласман на Светското првенство. “Започнуваме нов репрезентативен предизвик и се радувам на собирот и деновите кои ни следуваат. Подготовките се кратки и мора да ги искористиме максимално. Ја знаеме нашата цел, знаеме со што располагаме и одиме да го потврдиме квалитетот. Некои промени се неизбежни, но не стравувам. Напротив, јас стојам зад репрезентацијата и фудбалерите и имам мотив и енергија да работиме квалитетно, максимално професионални и да бидеме конкурентни. Јас сум селектор и притисокот е врз мене. Фудбалерите мора…

Read More

33-годишниот бразилски играч од средниот ред на Арсенал,Вилијан, е се поблиску до приклучување кон Коринтијанс. Според информациите, бразилскиот клуб веќе се договорил со Вилијан за соработка до 2023 година, а двете страни во моментов ги договараат за конечните детали од договорот. Претходно беше објавено дека Арсенал е подготвен да го пушти играчот бесплатно за да заштеди на неговата плата.

Read More

Фудбалскиот свет е во ичекување на дебито на Лионел Меси во дресот на ПСЖ. Вечерва во рамките од четвртото коло во француската Лига 1, ПСЖ од 20.45 часот му гостува на Ремс. Од парискиот клуб и официјално објавија дека Аргентинецот е во составот на играчи на кои ќе располага тренерот Маурисио Покетино. Покрај Меси, во составот се и останатите ѕвезди на тимот како Нејмар, Ди Марија, Хакими, Верати, Ерера, Дракслер, Вајналдум, Донарума, но и Мбапе кој овој период се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Read More

Тренерот на Челзи, Томас Тухел по натпреварот со Ливерпул објави дека играчот од средниот ред Н’Голо Канте се соочува со повреда и дека истата се провлекува веќе подолго време. „Канте има повреда. Тој пропушти дел од натпреварот со Арсенал поради болки во глуждот и благо воспаление. Во принцип, нема ништо сериозно таму, бидејќи Канте успеа да се врати на тренинг. Со Ливерпул во една од епизодите во борбата за топката, мислам дека тој повторно го искриви глуждот и се чувствува исто како и пред натпреварот со Арсенал. Поради ова, тој ја загуби брзината на движење и моравме да направиме замена“,…

Read More

Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, најави дека ќе остане во клубот. „Ова лето навистина имав многу интересни понуди, но не барав продажба од клубот. Се обидов да останам во Фиренца и ќе играм тука“, изјавил Влаховиќ  за Скај Спорт Италија. Претходно, Атлетико Мадрид беше заинтересиран за услугите на српскиот 21-годишен напаѓач. Минатата сезона Влаховиќ постигна 21 гол на 37 натпревари во Серија А и беше прогласен за најдобар млад играч во шампионатот.

Read More
NBA

НБА лигата објави дека е постигнат договор со асоцијацијата на НБА судии, и ќе бара сите судии кои ќе делат правда на натпреварите од најсилната кошаркарска лига на светот, задолжително да бидат вакцинирани со вакцина против Ковид-19. Исклучок може да се направи само ако некој судија од медицински или религиозни причини не смее да се вакцинира. Судии кои нема да сакаат да се вакцинираат, нема да може да судат во НБА. Со ова, се зголемува листата на лица од кои НБА бара да бидат вакцинирани. Вакцини им се потребни и на тренерите, лекарските тимови, обезбедувањето во салите, тимовите за комуникација,…

Read More

Ракометната федерација на Македонија го именува Љубомир Савевски за селектор и координатор на националните селекции во женска конкуренција. Љубомир Савевски функцијата Координатор на националните женски селекции ја извршување во период јуни – август 2021 година на Шампионатите кои се одржуваа во Скопје и Клаипеда, каде имаше извонреден успех со генерацијата У-17 кое се одржуваше во Литванија, освојувајќи го првото место, објави РФМ. Според новиот договор Савевски започнувајќи од септември 2021 година функцијата за која е именуван ќе ја извршува за период од две години.

Read More