Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, заработи суспензија од два натпревари по црвениот картон што го доби на дуелот со Венеција. Дисциплинската комисија во Серија А е казнет за „намерно удирање во лицето на противнички фудбалер, додека топката не била во негова близина“. Поради тоа, Осимен ќе го пропушти неделното гостување против Џенова, како и големото дерби со Јувентус.
Author: saso
Тренерот на Барселона, Роналд Куман наскоро би можел во тимот да год обие младиот Ансу Фати, кој по подолго време се врати на тренинзите. Младиот шпански репрезентативец на стартот на минатата сезона го повреди коленото, по што мораше да направи дури четири операции и да паузира девет месеци. Според лекарите, Фати е далеку од враќање на натпреварите, бидејќи ќе му требаат неколку недели тренинзи со тимот за Куман за да се врати во физичка и тактичка подготвеност.
Златниот од ЛОИ во Токио и победник на Мастерсот во Синсинати, Александар Зверев, пред стартот на УС Опен вели дека тој нема да биде фаворит. „Минатата година пред УС Опен, не очекував ништо од себе. Прво, ние не игравме половина година претходно. Второ, пред тоа играв прилично просечно на Мастерсите. Така, на УС Опен ја барав само мојата игра, но добро функционираше и бев блиску до титулата. Оваа година Новак ќе се врати и сигурно ќе биде фаворит. Но, и другите момци се во одлична форма. Така, имам многу работа. Мислам дека Ѓоковиќ ќе прикаже неверојатен тенис во Њујорк. Ќе…
Баерн (М) и официјално потврди дека играчот за врска Џошуа Кимих ќе продолжи да игра за Баерн Минхен и во следните 4 години. Баварците објавија продолжување на договорот со германскиот репрезентативец до 2025 година. Според најавите, тој ќе стане еден од најплатените играчи во тимот, втор по Роберт Левандовски. 26-годишниот Кимих игра за Баерн Минхен од 2016 година.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, синоќа со гол ја почна новата сезона во Серија А. Неговиот Наполи со 10 фудбалери на теренот со 2:0 ја совлада Венеција, а Елмас по средбата, го прокоментира мечот и својот настап. „Не беше лесно бидејќи бевме десетмина, но имавме поддршка од навивачите и среќни сме. Тука има неверојатна страст и се надевам дека секогаш ќе го правиме ова со полн стадион. Топката стигна до мене и не размислував за ништо друго освен да шутирам. Среќен сум за голот, но уште повеќе за трите бода во ваков тежок натпревар“, вели Елмас. За својата позиција во тимот…
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети изрази желба да го доведе играчот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ. Тренерот на Наполи имал разговор со репрезентативецот на БиХ, пишува „Кориере дело Спорт“. Минатата година, Пјаниќ пристигна на „Камп Ноу“ од Јувентус, како дел од трансферот на Бразилецот Артур. Сепак, 30-годишниот играч за врска не успеа да се наметне во Барселона и не е во плановите на тренерот Роналд Куман. Затоа клубот сега бара купувач. До неодамна се мислеше дека Пјаниќ ќе се врати во Јувентус, но „црно -белите“ се откажаа од првичната идеја поради високата плата на играчот која изнесува 6 милиони…
Германскиот тенисер Александар Зверев ја освои титулата на Мастерс турнирот во Синсинати. Тој синоќа го совлада Русинот Андреј Рублев со 2:0, по сетови: 6:2, 6:3. Тоа беше петта титула за тенисерот од Хамбург на турнирите од серијата Мастерс 1000. Претходно го освои Рим 2017, Монтреал 2018 и Мадрид 2018 и 2021 година. Ова е прва титула за Зверев во Синсинати.
29-годишниот играч за врска на екипата на Ливерпул, Џердан Шаќири, и официјално стана нов фудбалер на француски Лион. Како што потврдија од францускиот клуб, Лион успеал да го комплетира трансферот на Швајцарецот за кого очигледно нема место во новиот тим на Клоп оваа сезона. Претходно беше објавено дека Шаќири постигнал договор со Лион за условите на личниот договор. Швајцарецот ќе потпише договор со „лавовите“ до 30 јуни 2024 година.
Во возбудлив меч со шест гола, Леванте и Реал (М) синоќа одиграа 3:3 во меч од 2. коло на Ла Лига. Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги сумираше впечатоците од натпреварот истакнувајќи: „Средбата беше луда, иако го контролиравме текот во првото полувреме. Изгубивме два бода, откако потрошивме навистина добар квалитет. Тешко е да се објасни, мора да бидеме внимателни кон сите детали. Остана горчлив вкус. Иско беше еден од најдобрите денес. Постои почетна постава што може да се освежи со замени. На пример, замената на Бејл е поврзана со желба да се освежи составот. Сепак, концентрацијата во одбраната мора…
Македонските интернационални ракометни судии Даниелo Божиновски и Виктор Начевски ќе го судат претстојното ЕХФ финале до 19. години кое ќе се одигрз во Варна, Бугарија. Во него ќе се сретнат репрезентациите на Фарските Острови и Белорусија, а почетокот е закажан за денеска во 18:00 часот. Подобриот од овој дуел, ќе се пласира во ЕХФ Еуро првенството, а поразениот ќе се упати кон квалификациите. Македонската ракометна арбитража добива периодов сосема нова димензија откако нашата најдобра судиска двојка, Начевски Николов, го судеше големото олимписко финале на Игрите во Токио.
