Author: saso

Ливерпул и Џордан Хендерсон се во завршна фаза од преговорите за обновување на договорот. Во моментов двете страни разговараат за последните точки од договорот. Според изворот, новиот договор ќе важи до 2024 година. Актуелниот договор на Хендерсон со Ливерпул трае до 30 јуни 2023 година. Неговата трансферна вредност се проценува на 20 милиони евра. Минатата сезона тој одигра 28 средби на сите турнири, на кои постигна еден гол и една асистенција.

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, се повреди на натпреварот од 2. коло на шпанската Примера со Атлетик (1:1) и прашање е колку ќе отсуствува од фудбалските терени. Според денешните информации, на Пике му беше дијагностицирано оштетување на мускул на левата нога, а засега лекарите не прогнозираат колкав ќе биде периодот на рехабилитација.

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди ќе пропушти околу три недели од фудбалските настапи поради повреда на рамото, соопшти ја од клубот. Аргентинецот се повреди за време на натпреварот од 3. коло во Лига 1 со Брест. Средбата заврши со победа на парижани од 4:2. Напаѓачот го напушти стадионот со болка во раката, а снимките потврдија дека Икарди за малку избегнал фрактура. Очигледно, тој ќе може да се врати на терените по паузата за репрезентативни натпревари, закажана за септември.

Read More

Македонија освои и злато на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и У-21 во јуниорска конкуренција кое се одржува во Финска. Денеска Стефан Стојановиќ стана европски првак во категоријата над 76 килограми, откако во финалната борба славеше против Италијанецот Матео Авназини со 5-4. На патот до финалето Стефан славеше против Амир Зуауи (Франција) 4-2,  Мартин Елијас (Чешка) 3-2, Артјом Јермолаев (Латвија) и Хуберт Јароцки (Полска) 2-1. Македонија освои три медали на ова ЕП, откако Матеј Белистојаноски денес стана бронзенм, а вчера Андреј Басаров освои сребро во кадетска конкуренција во категоријата над 70 килограми.

Read More

Агенцијата за млади и спорт организираше прием за нашите ракометни кадетки, кои го освоија првото место на Европскиот шампионат во Клаипеда, Литванија и донесоа радост на целокупната ракометна публика. „Голема чест ми претставува фактот дека мојот прв селектор е денес кај нас заедно со ракометарките кои го направија овој огромен успех за македонскиот ракомет“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски. Тој додаде дека ова остварување дава сигнал дека македонскиот ракомет има светла иднина, и дека овие девојки ќе имаат можност да докажат дека сме ракометна нација. На приемот свое излагање имаше и селекторот Љубомир Савески кој…

Read More

Актуелниот македонски првак, Вардар 1961 ги промовираше дресовите за новата сезона. Првиот човек на клубот, Михајло Михајловски објасни дека од спортскиот бренд „Хумел“ имале пракса да го менуваат изгледот на секои две години. Во новите дресови на промоцијата се појавија Едуардо Гурбиндо, Бакари Диало, Филип Талески, Тимур Дибиров и Али Сафар. На денешната прес-конференција, Михајловски ги истакна и своите очекувања од сезоната, но зборуваше и за проблемот со условениот настап на вардар во Лигата на шампионите од страна на ЕХФ. „Имавме еден хедикеп и доста нервози кога ЕХФ соопшти дека нашиот настап во ЛШ поради старите обврски поточно долгови е…

Read More

Македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација утре во Минхен ќе ги добие противничките во квалификациите за ЕП 2023. Македонија е една од 38 селекции кои се пријавени во овој квалификациски циклус. Согласно со рејтингот на ФИБА, Македонија на ждрепката ќе се најде во осмиот „шешир“ заедно со Финска, Исланд и Албанија. Со оглед на бројот на пријавени селекции, натпреварувањето, односно квалификациите за пласман на наредниот женски Евробаскет во 2023 година, ќе се одвива во десет натпреварувачки групи. Осум од нив ќе бидат составени од по четири учесници, а две со по три репрезентации.

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација иако поразена, успеа да се пласира во следната фаза од квалификациите за СП 2023. Синоќа во последното коло во „Јане Сандански“, нашите кошаркари загубија од Словачка. По мечот селекторот Бајиќ даде свое видување на дуелот со Словаците. „Оставивме лош впечаток за крај. Но, би сакал да им честитам на момците, ја остваривме целта, први одиме во квалификациите за СП 2023. На стартот никој не веруваше дека можеме да ја минеме оваа фаза, посебно по поразот од Швајцарија и најголемите оптимисти кренаа раце од нас. Но, јас им кажав на сите дека ќе работиме чесно, и чесно ќе…

Read More

Дефанзивецот на ПСЖ, Тило Керер е блиску до преселба во Баерн, пишува „Л’Екип“. Според изворот, претставници на 24-годишниот германски фудбалер се состанале со раководството на Баерн Минхен минатата недела. Керер очекува да добие поголема минутажа во германскиот шампион. Наводно, страните се договориле за тригодишен договор. Претходно, Керер одби да се пресели во Баер Леверкузен, бидејќи сака да игра во Лигата на шампионите на УЕФА.

Read More

Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро, не сакал да го земе дресот со број 10 во Барселона, со кој до оваа сезона настапуваше Лионел Меси. Според извори од Барселона, Агуеро одлучил да настапува со дресот со број 19. Агуеро се пресели во Барселона во јули оваа година како слободен фудбалер. Претходно стана јасно дека Агуеро ќе го пропушти почетокот на новата сезона поради повреда. За време на медицинскиот преглед на аргентинскиот интернационалец, лекарите открија сериозна повреда на лигаментите на глуждот.

Read More