Искусниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике изјави дека големите проблеми во Барселона се производ на поранешниот претседател на клубот, Бартомеу. „Имам повеќе чувства за Лапорта отколку за Бартомеу. Некои играчи се чувствуваат измамени од Бартомеу. На Жоан му оди добро. Тој ги става работите во ред, повторно се појавуваат хиерархии, кои недостасуваа во минатото“, изјавил Пике. Бартомеу беше отпуштен од Барселона минатата есен. Функционерот се соочи со критики поради слабите резултати и желбата на капитенот на тимот, Лионел Меси, да го напушти клубот. На 1 март, Бартомеу беше уапсен во врска со активностите на каталонскиот клуб на социјалните мрежи. Подоцна,…
Author: saso
Дефанзивецот на Лион, Максвел Корнет, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, јавуваат некои англиски весници. Според информациите, Барнли тргна по потписот на 24-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска. Англискиот клуб понудил 14 милиони евра за играчот, што е реално повисока од сумата што претходно ја нудеше германската Херта. Минатата сезона, Корнет настапи на 39 натпревари за Лион, постигнувајќи четири гола и шест асистенции.
Ракометарите на Вардар се новите освојувачи на трофејот на Струшкиот ракометен турнир. Во синоќешното финале, македонскиот шампион славеше со 33:32 против Еурофарм Пелистер и успеа да им се реваншира на битолчани за поразот во Суперкупот. Мечот заврши по продолженија од 2х5 минути, откако во регуларниот дел беше нерешено, 28:28. Тимур Дибиров со 10 гола беше најефикасен кај Вардар, додека Радовиќ постигна 7 гола кај Е. Пелистер. Тимур Дибиров од Вардар, е прогласен за најдобар играч на годинешното издание на традиционалниот летен ракометен собир. Наградата за најдобар голман отиде во рацете на унгарскиот чувар на мрежата на Е. Пелистер, Мартон Секељи,…
Легендарниот напаѓач на Баерн Минхен и германската репрезентација, Герд Милер почина денеска на 75-годишна возраст, објави баварскиот клуб. „Денес, нашиот свет престана. Жалиме за Герд Милер, кој почина во неделата наутро на 75-годишна возраст “, се наведува на веб-страницата на Баерн. Милер, кој постигна 68 голови на 62 натпревари за Западна Германија, боледуваше од Алцхајмерова болест од 2015 година. Го носеше дресот на Баерн од 1964 до 1979 година, а со Баварците беше петкратен шампион на Германија и трикратен шампион на Европа. Со Западна Германија, тој беше светски шампион во 1974 година и европски шампион две години претходно.
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа во конкуренција на двојки го освои ИТФ фјучерсот во Коксејде (Белгија). Ѓорческа во тандем со Валерија Страхова (Украина) во големото финале беа подобри од првите носителки Валентини Граматикопоулоу (Грција) и Валентина Ивахненко (Русија) со 6:4, 6:4. За нашата тенисерка ова е трета титула во дубл во тековната сезона.
Двете кадетски ракометни репрезентации на Македонија во машка и женска конкуренција, денеска играат финале на ЕХФ шампионатите. Триумф ќе значи место во А зоната, поточно меѓу најдобрите 16 селекции со што би обезбедиле место на Европското првенство во следниот циклус. Први на теренот (17 часот) ќе истрчаат кадетките кои вчера ја совладаа Полска и обезбедија место во финалето на шампионатот во Литванија. Нашите девојки за противник ќе ја имаат селекцијата на Исланд. Во Скопје пак Кирил Лазаров и неговите момци по вторпат на ЕХФ шампионатот ќе ги одмерат силите со Полска. Кадетите на првата средба славеа со 25-30, ова беше…
Црногорскиот интернационалец и поранешен ракметар на Вардар, Вуко Борозан кариерата ќе ја продолжи во Катар. Борозан потпиша договор на две години со Ал-Араби од Катар. Претходните две сезони тој настапуваше во Веспрем, а беше дел од Вардар кога црвено-црните ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017. Со Вардар и трипати се радуваше во СЕХА лигата, а во 2017 година беше прогласен за најдобар ракометар во Црна Гора.
Манчестер Јунајтед е заинтересиран да потпише нов договор со играчот за врска Бруно Фернандеш. Според новинарот Николо Шира, двете страни преговараат уште од минатата недела за продолжување на договорот, кој сега би бил со родолжена важност до 2026 година. Актуелниот договор на фудбалерот е до летото 2025 година. Португалецот постигна 18 гола на 37 натпревари во Премиер лигата минатата сезона и беше еден од најдобрите фудбалери во редовите на англискиот вицешампион.
Италијанскиот првак Интер доцна синоќа ги промовираше двете нови засилувања, Един Џеко и Дензел Думфрис. Босанскиот напаѓач во Милано дојде до Рома, со статус на слободен фудбалер, а со Интер потпиша договор на две сезони. Вториот новајлија е Думфрис кој во Милано пристигна од ПСВ, за сума од околу 12 милиони евра. Бекот парафираше соработка до јуни 2025 година, а доаѓа како директна замена за Ашраф Хакими.
Како што и се очекуваше, Горан Пандев и во новата сезона ќе биде дел од екипата на Џеноива. Најдобриот македонски фудбалер потпиша нов договор со италијанскиот клуб. Џенова потврди дека со Пандев е потпишан договор и за следната сезона. 🎶 Ehi Siri, metti la playlist “Goran #Pandev” 🔴🔵 Pandev ha rinnovato il suo contratto con il Genoa ➡️ https://t.co/rZhngzKRLU pic.twitter.com/Nt8N4P45zz — Genoa CFC (@GenoaCFC) August 13, 2021
