Author: saso

Новак Ѓоковиќ обезбеди осминафинале на УС Опен, но она по што ќе го паметиме петтиот натпреварувачки ден на грен-слемот во Њујорк ќе биде цела увертира пред третиот меч на Србинот. Светскиот рекет број еден се пожали на незгодна повреда во второто коло, а поради тоа што вчерашниот тренинг пред мечот го одложи цели два часа, се појавија безброј шпекулации дека Србинот ќе се повлече и дека воопшто нема да се појави на теренот. Вакво сценарио прогнозираа неколку американски новинари, а бидејќи беше своевиден шок кога Ноле се појави на тренингот непосредно пред мечот, еден од фановите успеа да го разбесни…

Read More

Со натпреварот меѓу селекциите на Србија и Ангола, утрово стартуваше Светското првенство во кошарка во Кина. На премиерниот натпревар, Србија со доминантна игра триумфираше над Ангола со 105-59 и покажа зошто е во редот на најголемите фаворити за златото. Богдан Богдановиќ со 24 поени беше прв стрелец во редовите на Србија, Јокиќ и Милутинов мечот го завршија со по 14 поени. Интересен дуел имаше меѓу Русија и Нигерија, каде Русите дури во последните 60 секунди од мечот успеаја да ја совладаат силната африканска селекција. 82:77 гласеше конечниот резултат во полза на „зборнаја“. Тесна победа обезбеди и Порторико над Иран (83:81),…

Read More

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе ги повика за престојните средби со Израел и Летонија во рамките на квалификациите за ЕП 2020 година. Во изборот се најдоа проверени сили, но и едно ново име во нападот. Станува збор за новото засилување на француски Нил, Влатко Стојановски, кој ќе добие шанса во дресот со националниот грб. Македонија на 5 септември гостува во Бер Шева против Израел, додека на 9 септември и гостуваме и на Летонија.

Read More

Ракометарите на Вардар попладнево од 16.20 часот во С. Арабија ќе го одиграат првиот полуфинален меч на светското клупско првенство, Супер Глоуб. По вчерашната победа над домашниот Мудхар, „црвено-црните“ денеска за противник го имаат славниот германски состав Кил. Германците, пак, во четврфиналето беа подобри од екипата на Замалек од Египет. Дебито на Давид Писонеро вчера донесе лесна и очекувана, но денес „вардарци“ ќе го имаат првиот тежок испит во новата сезона. Во второто полуфинале од 19 часот Барселона ќе игра со екипата на Ал Вехда.

Read More

Хамане Нианг од Мали е новиот прв човек на светската кошарка. Хамане Нианг стана нов претседател на ФИБА откако беше избран едногласно од сите присутни. Тој ќе го наследи Хорасио Мураторе, кој досега ја имаше улогата на прв човек на ФИБА. Пред да седне на претседателското место, Нианг беше заменик претседател на ФИБА и исто така претседател на ФИБА Африка во периодот 2014-2019 година.

Read More

Наполи се уште се надева дека ќе го купи напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, пред да се затвори летниот преоден рок. Фудбалскиот пазар се затвора на 2 септември, а наполитанците чекаат одговор од Аргентинецот до 30 август. Ако договорот не успее, тогаш италијанскиот клуб има алтернатива во поранешниот напаѓач на Тотенхем, Фернандо Љоренте. Шпанецот е со статус на слободен агент. Ако одговорот на Икарди е негативен, Наполи ќе потпише договор со Љоренте, кој веќе дал согласност за заминување во Италија.

Read More

Челси до крајот на сезоната ќе го отстапи играчот од средниот ред, Темуо Бакајоко во екипата на Монако. Во договорот ќе има и опција за трансфер следното лето во висина на 35 милиони евра. 24-годишниот фудбалер е непотребен во составот на Френк Лампард и затоа доби зелено светло за да замине во Франција. Минатата сезона, играчот од средниот ред играше во редовите на Милан, но на крајот поради неговиот просечен настап не беше ангажиран за постојано на „Сан Сиро“.

Read More

Денеска во 18 часот во Нион ќе се одредуваат групите за новата сезона во најквалитетното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Во групната фаза ќе учествуваат 32 екипи, од кои половина доаѓаат од четири првенства: Премиерлигата, Ла Лига, Серија А и Бундеслигата. Првите натпревари во новата сезона на ЛШ ќе се одиграат на 17/18 септември, а денеска со ждрепка треба да бидат формирани осумте групи. CONFIRMED: #UCLdraw pots! ✅ Pick the strongest team from each 👇 pic.twitter.com/D06AiDU5NA — #UCLdraw (@ChampionsLeague) August 28, 2019

Read More

Новак Ѓоковиќ рано утринава и покрај проблемот со повредата успеа да се пласира во 3. коло на УС Опен. Србинот славеше на пресметката со Аргентинецот Хуан Игнасио Лондеро со 3:0. За два часа и 13 минути игра, Ѓоковиќ победи со 6:4, 7:6, 6:1 и со тоа ја оствари деветтата победа во низа на Отвореното првенство на САД. На женскиот дел од УС Опен, рано утринава една од првите фаворитки, Американката Серена Вилијамс, во пресметката со својата сонародничка МекНали славеше во три сета со 2:1.

Read More

Играчот од средниот ред на руски Зенит, Емилијано Ригони, може во следните неколку часа да стане играч на Сампдорија. Вчера, челниците на италијанскиот тим имале разговори со преставниците на Зенит во Минхен и со агентот на фудбалерот, па денеска се очекуваат и конкретни информации за договорот. Новиот предлог кој Сампдорија го достави до Зенит е позајмица на Ригони за една година за сума од 1 милион евра со откупна клаузула од 9 милиони евра. Ригони се пресели во Зенит летото 2017 година.

Read More