Вториот меч на нашата кошаркарска репрезентација во претквалификациите за СП 2023 утре од 19 часот против Словачка ќе биде „отворен“ за фановите. Од Федерацијата потврдија дека согласно добиените препораки на државните и здравствените авторитети во нашата држава, капацитетот на салата во СЦ„ Јане Сандански“, ќе биде ограничен на 30% од максималниот. Односно овој исклучително важен меч за нашиот најдобар состав ќе може да го проследат околу 2.000 македонски фанови, секако со стриктно почитување на официјалните здравствени протоколи кои важат на територијата на Македонија. Секој присутен гледач во салата на СЦ „Јане Сандански“, ќе мора да има заштитна маска, да држи…
Author: saso
Aнглиската Премиер лига, вечерва и официјално ја отвора новата сезона 2021/22. Првиот меч е закажан од 21 часот и тоа на теренот на новајлијата Брентфорд, кој пред своите навивачи го пречекува Арсенал во првиот меч од 1. коло. Титулата ја брани Манчестер Сити, кои според многу параметри и годинава ќе бидат еден од главните фаворити за шампионскиот трон. Челзи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул се само дел од останатите тимови кои се решени да тргнат по салпот на „граѓаните“. Челзи кој ја освои Лигата на шампионите годинава ќе биде уште посилен со доаѓањето на Ромелу Лукаку и со уште неколку одлични засилувања…
Британскиот спринтер Чиџинду Уџа, кој го освои сребрениот медал во штафета 4×100 метри на Олимписките игри во Токио, е привремено суспендиран поради наводно кршење на антидопинг правилата за време на Игрите. Единицата за интегритет на атлетика (АИУ) во четвртокот откри дека по завршувањето на Олимписките игри во Токио, лабораторијата за контрола на допинг во Токио ја извести Меѓународната агенција за тестирање (ИТА) дека тестот на Уџа покажал „присуство/употреба на забранета супстанција (Остарин и С-23)“. 27-годишниот Уџа беше прва замена за британскиот тим, кој заврши втор по шампионот Италија на финалната трка.
Бразилскиот дефанзивец од екипата на Шахтјор Доњецк, Додо, доби понуда од Тотенхем. Бразилските медиуми пишуваат дека лондончани испратиле понуд аво висина од 20 милиони евра за играчот, но истата била одбиена. Преговорите не се прекинати, но украинскиот клуб е подготвен да го продаде играчот само за повисока цена. Бразилецот, кој се приклучи во Шахтјор во 2018 година, претходно играше за Коритиба.
Напаѓачот на бразилски Брагантино, Клаудио Родригез ака Клаудињо, потпиша договор со руски Зенит, објави официјалната веб -страница на клубот. Договорот е на пет години. Клаудињо ја започна својата кариера во Коринтијанс, по што играше за други бразилски клубови, а во 2019 година се пресели во Ред Бул Брагантино. Моментално беше дел и од бразилскиот олимписки тим. Минатата сезона, напаѓачот учествуваше на 35 натпревари од бразилската Серија А, во кои постигна 18 голови.
Македонската кошаркарска репрезентација, синоќа загуби од Швајцарија на првиот меч од претквалификациите за СП 2023. Селекторот Драган Бајиќ дебитираше на кормилото на македонската сениорска машка репрезентација. „Јас и вчера кажав, на тренингот почувствував некоја нервоза во тимот и поради тоа сметам дека дојдовме до некои грешки во играта. Тоа што вечерва го забележав е дека влеговме во некој огромен грч поради кој останавме без енергија и без сила, а со самото тоа и без концентрација. Многу промашени зицери, сигурно некои 8-9 лесни поени, 7 промашени слободни фрлања што можеби на крајот и беше пресудно кога во вториот дел успеавме да…
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку се врати во Челзи, а со 97,5 милиони фунти платени за него, постави интересен рекорд. Лукаку стана фудбалер за кого клубовите платиле најмногу. За Лукаку досега се платени вкупно 285,6 милиони фунти, што е за околу 40 милиони повеќе од сумата платена за Бразилецот Нејмар – 246,6 милиони фунти, кој го држеше овој рекорд досега. Лукаку ја започна својата кариера во Андерлехт пред да биде преселен во Челзи за 10 милиони фунти. По три години, 15 натпревари и без голови за „сините“, Лукаку беше продаден на Евертон за 28 милиони фунти. Следува трансфер во Манчестер Јунајтед…
Стив Кер е фаворит за позицијата нов селектор на кошаркарската репрезентација на САД. Тој рече дека со задоволство ќе се согласи да стане нов селектор на американската репрезентација, ако добие понуда.. Грег Попович го напушти тимот по Олимпијадата во Токио, а Грент Хил наскоро ќе го замени Џери Коланџело како генерален директор. 55-годишниот Кер работеше како асистент на Попович и вели дека ако добие понуда ќе ја прифати без размислување. „Немам идеја кој на крајот ќе го предводи американскиот тим на Олимписките игри во Париз. Има толку многу одлични кандидати овде. Ако ме сметаат за кандидат за функцијата, тоа ќе…
Македонскиот Олимписки комитет денеска одржа прес-конференција на која претседателот Даниел Димевски и нашите Олимпијци зборуваа за настапот на штотуку завршените ЛОИ во Токио. На Олимпијадата најголемиот успех го оствари таеквондистот Дејан Георгиевски кој се врати со сребрен медал. Димевски го сподели своето видување за сето тоа што се случуваше за време на Игрите и секако настапот на нашите спортисти. „Привилегија беше да се биде во Токио со еден фантастичен склоп на спортисти и тренери, одлично дружење со една хомогена екипа. Беше направен капитал во луѓе кој ќе се надградува секоја наредна година. Во најдобро светло ја претставивме Македонија, бевме на…
Тренерот на Лестер Сити, Брендан Роџерс, потврди дека дефанзивецот на Данска и на екипата на Саутемптон, Јаник Вестергард ќе се пресели во таборот на „лисиците“. „Имаме дозвола од Саутемптон да го купиме. Се надевам дека се ќе биде договорено, а потоа ќе видиме дали тој ќе стигне кај нас за време на викендот“, изјавил Роџерс. Вестергард се пресели во Саутемптон во 2018 година, а пред тоа ги бранеше боите на Борусија од Менхенгладбах, Вердер Бремен и Хофенхајм.
