Author: saso

Благоја Милевски од 1-ви август и официјално е нов селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација. Во пресрет на неговото деби во септемвриските квалификации за СП во Катар 2022 година, за ФФМ, нашиот селектор изјави:ж „Оваа функција за мене пред се е гордост и исполнетост. Од спортски аспект, од национален и од човечки. Посебно е чувството да се селектор на А- репрезентацијата. Иако седум години ја водев младата селекција на Македонија, сепак ова е нешто посебно. За мене круна на секој тренер во неговата кариера е да се биде предводник на најдобрата репрезентација на својата земја“, напомена Милевски. „Да, секако дека…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација по настапот и трите порази на Еуро 2020, направи голем пад на ФИФА листата. Денеска на најновиот ранкинг, Македонија се спушти за 10 места на 72-то место, откако пред ЕП бевме на 62. позиција. Со оглед на промената на селекторското место, новиот предводник Благоја Милевски стартува како селектор на 72 сила во светот. На врвот на ФИФА листата и натаму е Белгија, следува Бразил, па Франција.

Read More

Раководството на Рома ќе го направи финалниот обид за потпис со Тами Абрахам од Чели, откако стана јасно дека полладнево извршниот директор на клубот, Тиаго Пинто отпатува за Лондон. Пинто таму треба да преговара за трансферот на напаѓачот на Челзи, Абрахам, кој треба да биде замената за Џеко. Римјаните сакаат да се договорат за трансфер на 23-годишниот играч за 45 милиони евра, вклучувајќи и бонуси.

Read More

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија избори пласман во полуфиналето на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Скопје. По поразот во 1. коло од Грција, момците на Кирил Лазаров ја добија важната битка за место меѓу најдобрите четири на првенството. Македонија славеше со 30:25, а особено добра игра видовме во вториот дел кога и беше направена високата разлика. Митев со 7 гола беше најдобар реализатор кај нашата селекција, а одличен меч имаа и Атанасијевиќ и петковски кои постигнаа по 4 гола.

Read More

Македонскиот фудбалски судија Александар Ставрев, кој е на списокот  на квалитетните судии  на УЕФА, в четврток повторно ќе суди меч од УЕФА Лигата на Европа. Тој е одреден за главен судија на реванш мечот меѓу Анортозис и Рапид од Виена. Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, четврти судија ќе биде Игор Стојчевски. Средбата се игра во Ларнака.

Read More

Кошаркарската Федерација заедно со селекторот на сениорската машка репрезентација Драган Бајиќ денеска одржаа прес-конференција во пресрет на натпреварите од втората рунда на претквалификации за Светското првенство 2023. Селекторот се осврна на играчкиот кадар со кој ќе располага, како и со играчите кои не можеа да одговорат на неговиот повик. „Би сакал да се заблагодарам на раководството на КФСМ за условите кои ги добивме на овие подготовки, како во поглед на тренинзите. Задоволен сум и за пофалба е работата на кошаркарите во овие подготовки како и дисциплината и нивното залагање на тренинзите. Ниеден играч не паузираше повеќе од еден ден, сите…

Read More

Српскиот напаѓач од екипата на Фиорентина Душан Влаховиќ ќе го продолжи договорот со италијанскиот клуб. Тој се согласил на новата понуда од „виолетовите“, откако му беа понудени нов договор со плата од 3 милиони евра годишно. Според изворот, српскиот фудбалер се согласил со предложените услови, но новиот договор се уште не е склучен, бидејќи страните разговараат за клаузулата за обештетување на напаѓачот во износ од 60 милиони евра.

Read More

Судискиот комитет на УЕФА објави дека Сергеј Карасев од Русија ќе го суди натпреварот за Суперкупот на УЕФА меѓу Челзи и Виљареал, што се игра во среда на 11 август на Националниот фудбалски стадион во Виндзор парк во Белфаст, Северна Ирска. Карасев, кој има 42 години, е меѓународен судија од 2009 година и редовно суди на натпревари во Лигата на шампионите, УЕФА Лига Европа и националните тимски натпревари. Тој судеше и на три натпревари на Еуро 2020 ова лето, вклучувајќи го и осминафиналниот меч меѓу Холандија и Чешка.

Read More

Алсадик Миху од Бахреин е привремено суспендиран поради примање трансфузија на крв пред настапот на Олимписките игри во Токио, објавија од ВАДА. Миху настапи на трката на 1.500 метри минатиот вторник, но не успеа да обезбеди пласман во завршните трки, откако во квалификацискиот дел беше само осми со време од 3:42.87 минути. Врз него бил направен тест ден пред траката и според денеска објавените анализи од Меѓународната агенција за тестирање (ИТА) стана јасно дека неговиот наод е позитивен на допинг. Миху е третиот спортист кој падна на допинг тест во Токио.

Read More

И покрај сите информации во англискиот печат дека Лаутаро Мартинез е пред договор со Тотенхем, денеска со своја изјава излезе агентот на фудбалерот, кој пак го потврди ставот на Интер, дека Лаутаро останува во Милано и оваа сезона. „Лаутаро е среќен во Интер и во Италија. Неговата одлука е да остане”, вели агентот на Мартинез, Алехандро Камано, сугерирајќи дека договор со Тотенхем нема. Вчера британски „Тајмс“ објави дека Тотенхем наводно веќе се договорил со фудбалерот.

Read More