Алсадик Миху од Бахреин е привремено суспендиран поради примање трансфузија на крв пред настапот на Олимписките игри во Токио, објавија од ВАДА.
Миху настапи на трката на 1.500 метри минатиот вторник, но не успеа да обезбеди пласман во завршните трки, откако во квалификацискиот дел беше само осми со време од 3:42.87 минути.
Врз него бил направен тест ден пред траката и според денеска објавените анализи од Меѓународната агенција за тестирање (ИТА) стана јасно дека неговиот наод е позитивен на допинг. Миху е третиот спортист кој падна на допинг тест во Токио.