Author: saso

NBA

Екипата на Филаделфија се надева дека ќе успее да се засили ова лето пред стартот на новата НБА сезона со уште една ѕвезда. Според новинарот Дерек Боднер, 76-тките се на пат да потпишат договор со Демијан Лилард. Доведувањето на ѕвездата на Портланд беше главната цел на Сиксерс оваа сезона. Забележано е дека размената со Бен Симонс е неизводлива, па се бараат други начини за реализација на трансферот. Во 2019 година, Лилард потпиша супермаксимален договор кој трае до крајот на сезоната 24/25. Тој веќе девет сезони е дел од Портланд.

Read More

Искусниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике, по синоќешната победа над Јувентус (3:0) на пријателскиот меч во пресрет на новата сезона, јавно проговори за заминувањето на аргентинскиот напаѓач Лионел Меси. „Тимот беше малку скршен поради заминувањето на Меси. Го загубивме најдобриот играч на сите времиња. Тоа боли и не повреди и нас и него“, изјавил Пике. Меси вчера на специјална прес-конференција се збогуваше со својот клуб и навивачите, откако Барселона објави дека нема да го обнови договорот со него како резултат на финансиските и структурните пречки наведени во прописите на шпанската лига.

Read More

Со солзи во очите и громогласен аплауз на соиграчите, семејството и управата на клубот, Лионел Меси денеска се прости од каталонскиот великан, Барселона. „Се надевам дека ќе се вратам еден ден и повторно ќе бидам дел од овој клуб“, рече Меси на прошталната конференција пред да следат прашања од новинарите преку видео повик. „Го напуштам клубот. Ги видов навивачите по година и пол затоа што не беа таму за време на пандемијата. Убаво е повторно да ги видиш навивачите, но не е убаво што не можам правилно да се збогувам со нив. Не сакав да останам минатата година, тоа го…

Read More

Американците во последниот ден на ЛОИ во Токио успеаја да ја престигнат Кина на врвот на листата на освојувачи на медали на овие Олимписки игри. Освојувајќи три златни медали, освоени од кошаркарите, одбојкарките и велосипедистката Џенифер Валенте, САД дојде до 39 златни одличја, едно повеќе од Кина, која денеска остана без ниту еден златен медал, завршувајќи на второто место со 38 златни, 32 сребрени и 18 бронзени медали. Македонија Игрите во Токио ги заврши со едно сребро, кое го освои нашиот таеквондист Дејан Георгиевски.

Read More

Ватерполо репрезентацијата на Србија успеа да го одбрани олимпиското злато во Токио. Во возбудливото финале Србија ја совладаа Грција со 13-10, благодарение на одличната одбрана, особено во последниот период. Србија почна одлично во првата четвртина, водеше со 6-3, а Грција се врати во вториот период кој го доби со 4-2. По изедначената игра во третиот период (2-2), Србија победата ја завери во последната четвртина која ја доби со 3-1.

Read More

Одбојкарската селекција на САД во женска конкуренција го освои олимпискиот турнир откако утрово во финалето Американките доминираа против Бразил и славеа со убедливи 3-0 по сетови (25-21, 25-20, 25-14). За САД ова беше прво злато на одбојкарскиот олимписки турнир во женска конкуренција.

Read More

Женската кошаркарска репрезентација на Америка го освои седмото злато во низа на Олимписките игри. Во финалето САД беше подобар од домаќинот на овие Игри, Јапонија со убедливи 90-75. Бронзениот медал и припадна на Франција, која ја совлада Србија со 91-76. На овој начин и се одмазди за поразот во Рио 2016 исто во битката за третото место.

Read More

Елиуд Кипчоге од Кенија е победник на машкиот маратон, со кој полека се најави и завршницата на ЛОИ во Токио. Кипчоге, всушност, го одбрани тронот од Рио и ја продолжи доминацијата. Делницата од 42 километри, тој ја мина за време од 2 часа 8 минути и 38 секунди. Второто место му припадна на Нагеје од Холандија, додека со бронзен медал се закити Абди од Белгија.

Read More

Франција во финалето на женскиот ракометен турнир на Олимписките игри во Токио ја совлада Русија со 30-25 и се закити со првиот златниот медал во ова натпреварување. Со оваа победа, „триколорките“ ја комплетираа доминацијата на овие Игри, откако предходно на тронот се искачија и мажите. Пино и Фопа со по седум погодоци беа најефикасни кај Франција. Во малото финале за бронзениот медак, селекцијата на Норвешка без проблеми ја совлада Шведска со 36:19.

Read More

Европската ракометна федерација (ЕХФ) заедно со клубовите учесници и ТВ куќите ги дефинираа термините и саатниците за натпреварите од групната фаза од Лигата на шампионите. Вардар1961 во десетте дефинирани термини, седумпати ќе игра во среда, а трипати во четврток. Вардар сезоната во Лигата на шампионите ја почнува на гостински терен во Норвешка против Елверум на 15 септември од 18.45 часот. Првиот домашен меч го игра со Мешков Брест на 22 септември (среда) од 20.45 часот. Распоред на мечевите на Вардар за првите 10 кола. коло, 15.09.2021 Елверум – Вардар 18,45 ч. коло, 22.09.2021 Вардар – Мешков Брест 20,45 коло, 2.09.2021…

Read More