Елиуд Кипчоге од Кенија е победник на машкиот маратон, со кој полека се најави и завршницата на ЛОИ во Токио. Кипчоге, всушност, го одбрани тронот од Рио и ја продолжи доминацијата.
Делницата од 42 километри, тој ја мина за време од 2 часа 8 минути и 38 секунди. Второто место му припадна на Нагеје од Холандија, додека со бронзен медал се закити Абди од Белгија.