Ватерполо репрезентацијата на Србија успеа да го одбрани олимпиското злато во Токио. Во возбудливото финале Србија ја совладаа Грција со 13-10, благодарение на одличната одбрана, особено во последниот период.
Србија почна одлично во првата четвртина, водеше со 6-3, а Грција се врати во вториот период кој го доби со 4-2.
По изедначената игра во третиот период (2-2), Србија победата ја завери во последната четвртина која ја доби со 3-1.