Author: saso

Одбојкарите на Србија ја совладаа Италија со 3:0 во еден од најинтересните мечеви во четвртфиналето на женскиот одбојкарски турнир. Србија одигра скоро перфектен меч добивајќи ги трите сета прилично увбедливо (25:21, 25:14, 25:21) и со тоа визираше место во битката за медалите. Србија ја оствари седмата последователна победа против Италија и сега против САД во полуфиналето, идентично како и пред 5 години во Рио ќе се борат за влез во големото финале. Претходно, Јужна Кореја со 3:2 славеше над Турција, додека Американките беа доминантни со Доминиканската република славејќи со 3:0. Во последното четврфинале ќе играат Бразил и Русија.

Read More
NBA

Поранешниот кошаркар на Сан Антонио Спарс, Демар Дерозан ќе стане нов кошаркар на Чикаго Булс. Тој ќе потпише тригодишен договор со новиот клуб вреден 85 милиони долари. Во замена за него, Спарси ќе го добијат Тед Јанг, пик од првиот круг на НБА драфтот, како и два пика од вториот круг. „Биковите“ веќе ги донесоа Лонзо Бол и Алекс Карузо што значи дека продолжуваат да прават добра селекција за следната сезона. Дерозан во текот на минатата сезона имаше просек од 21,6 поени, 4,2 скока и 6,9 асистенции по натпревар.

Read More

Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Дамир Скомина оди во пензија. Според локалните медиуми, тој е принуден да се повлече од активното судење поради повреда на коленото. Скомина нема да остане надвор од фудбалот долго време, затоа што наскоро седнува на директорското место во словенечкиот третолигаш Изола. Во текот на кариерата, Словенецот судеше на Светското првенство во Русија и на Европските првенства и Олимписките игри, како и на финалето во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Тој беше судија на натпреварот во кој Барселона го забележа најубедливиот пораз во историјата, кога беше поразена од Баерн со 8:2 во четвртфиналето…

Read More

Германски Баер (Л) денеска и официјално потврди дека напаѓачот Леон Бејли се сели во Астон Вила. Иако неодамна беше потврдено дека Бејли (23) и Астон Вила се договориле за соработката, сепак, имаше само одредени детали што требаше да се допрецизираат. Откако се е ставено на хартија, како што објавија од Леверкузен во соопштението за медиумите , Бејли ќе им се придружи на Англичаните. „Во Леверкузен тој од талент стана врвен играч“, рече спортскиот директор Симон Ролфес, кој на својот поранешен играч му посака успех во иднина. Бејли се пресели од Генк во Леверкузен во јануари 2017 година.

Read More
NBA

Кармело Ентони следната сезона ќе го носи дресот на ЛА Лејкерс. Синоќа тоа го објави познатиот НБА новинар, Адриан Војнаровски. Според Војнаровски, Ентони кој беше слободен агент се договорил за едногодишна соработка со „езерџиите“. Неговиот менаџер Фрејзер, во изјава за ЕСПН ја потврдил информацијата. Во последните две сезони еден од највозрасните кошаркари во НБА лигата ги помина во дресот на Портланд.

Read More

Американката Сидни Меклафлин постави нов светски рекорд во финалето на 400 метри со пречки и го освои златниот медал на првата финална атлетска дисциплина ова утро. Новиот светски рекорд во оваа дисциплина е 51.46 секунди, што е за 44 стотинки подобар од оној со кој Меклафлин дојде на оваа Олимпијада. За двоен успех на Американките на оваа делница се потруди Далиа Мухамад, која истрча 51.58 доволно за сребрен медал. Бронзата отиде на градите на Холанѓанката Фемке Бол.

Read More

Бразилската пливачка Ана Марсела Куња е олимписка шампионка на пливачкиот маратон на 10 километри. Бразилката стигна до златниот медал во оваа дисциплина со време од 1:59:30,8 часа и зад себе ја остави златната медалистка од Игрите во Рио, Холанѓанката Шерон ван Ровендал, која беше побавна за 0,9 секунди. Третото место на пливачкиот маратон и припадна на Австралијката Карина Ли, која заостана 1,7 секунди зад победничката.

Read More

Претседателот на МОК, Даниел Димевски и Претседателот на Олимпискиот комитет на Словенија, Богдан Габровец, денеска потпишаа договор за Олимписко партнерство и соработка во однос на заеднички подготовки на најдобрите македонски и словенечки спортисти Олимпијци во пресрет на зимските Олимписки игри Пекинг 2022, Медитеранските игри Оран 2022, Европските игри Гдањск 2023, летните Олимписки игри Париз 2024. Договорот се однесува и на понатамошни активности по и во овој период кои се однесуваат на унапредување на работата на спортската администрација, спортскиот односно тренерскиот кадар, спортската медицина, користење на спортските објекти и воопшто на спортските ресурси со кои располагат словенечкиот и македонскиот спорт, објавија…

Read More

Француската одбојкарска репрезентација за првпат во историјата ќе игра во полуфиналето на Олимписките игри. По голема борба, избраниците на Лоран Тил го совладаа актуелниот светски шампион Полска со 3:2 во сетови. Полска двапати водеше (1:0 и 2:1 во сетови), но на крајот не успеа да слави. Противник на Франција во борбата за финалето ќе биде Аргентина, која ја елиминираше Италија со 3:2. Бразил ја совлада Јапонија со 3:0 и во второто полуфинале ќе игра со Русија, која исто така лесно ја совлада Канада со 3:0.

Read More

По 11-тиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Токио, Кина е на врвот на листата според бројот на освоени медали. Кинеските натпреварувачи освоија нови три златни медали денеска, и останаа на врвот на листата со 32 најсјајни одличја. Покрај нив имаат уште 21 сребро и 16 бронза. На второ место се САД со 24 златни медали од вкупно 73. Следуваат Јапонија со 19 златни и вкупно 36 медали, Австралија која освои 14 злата, Олимпискиот комитет на Русија и Велика Британија со по 13.

Read More