Француската одбојкарска репрезентација за првпат во историјата ќе игра во полуфиналето на Олимписките игри. По голема борба, избраниците на Лоран Тил го совладаа актуелниот светски шампион Полска со 3:2 во сетови.
Полска двапати водеше (1:0 и 2:1 во сетови), но на крајот не успеа да слави. Противник на Франција во борбата за финалето ќе биде Аргентина, која ја елиминираше Италија со 3:2.
Бразил ја совлада Јапонија со 3:0 и во второто полуфинале ќе игра со Русија, која исто така лесно ја совлада Канада со 3:0.