Бразилската пливачка Ана Марсела Куња е олимписка шампионка на пливачкиот маратон на 10 километри.
Бразилката стигна до златниот медал во оваа дисциплина со време од 1:59:30,8 часа и зад себе ја остави златната медалистка од Игрите во Рио, Холанѓанката Шерон ван Ровендал, која беше побавна за 0,9 секунди.
Третото место на пливачкиот маратон и припадна на Австралијката Карина Ли, која заостана 1,7 секунди зад победничката.