Author: saso

Грција е прв финалист на ватерполо турнирот на ЛОИ во Токио. Во првото полуфинале, грчките ватерполисти ја победија Унгарија со 9:6 и се изборија за во првото финале во историјата. Грција сега го чека името на ривалот во финалето, а во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Србија и Шпанија.

Read More

Женската кошаркарска репрезентација на Србија е поразена од САД во полуфиналето на ЛОИ во Токио. Србинките утрово загубија од Американките со убелдиви 79:59 и не успеаја да стигнат до битката за најсјајното одличје на Игрите. Американките до победа ги предводеа Грејнер со 15, Греј со 14 и Стјуарт со 12 поени. Најефикасна во редовите на Србија беше Ивон Андерсон со 15 поени. Сега останува да се одигра второто полуфинале меѓу Јапонија и Франција по што ќе биде позната двојката во битка за златото.

Read More

Новиот менаџер на Кристал Палас, Патрик Виеира, се надева дека ќе го задржи Вилфрид Заха, кој наводно летово повторно е на чекор од заминување од клубот. Кристал Палас во текот на летото го доведе Патрик Виеира на местото од Рој Хоџсон, а промената доведе и до промени во составот на играчи. Сепак, Вилфрид Заха допрва треба да се одлучи дали ќе остане во екипата и следната сезона. „Добро ја знам ситуацијата на Вилфред во последните години, но имавме навистина добар разговор и со нетрпение очекувам да работам со него“, рече Виеира за „Скај Спортс“. „Тој е еден од најталентираните играчи…

Read More

Mакедонски борач Магомедгаџи Нуров не успеа да се пласира во полуфиналето во слободен стил во категоријата до 97 килограми. Откако успешно ја мина првата битка, тој беше запрен во четврфиналето. Нуров извојува победа во првото коло против Тунижанецот Садуи Мохамед со убедливи 5-0, но во четвртфиналниот меч против Кубанецот Ринерис Салас Перез не успеа да мине во директната битка за медали, откако загуби со 6:4 на поени. Сега останува да се види дали Нуров може да биде повлечен во репасажот во битка за бронзен медал.

Read More

Американките Ејприл Рос и Аликс Клинеман го освоија злато на натпреварите во одбојка на песок на ЛОИ во Токио. Тие во финалето ги победија Австралијките Маријафе Артачо и Талику Кленси со 2-0 (21-15, 21-16). Бронзените медали ги освоија Швајцарките Анук Верге-Депре и Јоана Хајдрих, кои ги победија Летонките Анастасија Кравченок и Тина Граудина со 2-0 (21-19, 21-15) во малото финале.

Read More

Женската одбојкарска репрезентација на САД е прв финалист на одбојкарскиот тунрир на ЛОИ во Токио. Во првото денешно полуфинале, Американките ја совладаа Србија со убедливи 3:0 (25:19, 25:15, 25:23). Најдобра во победничкиот тим беше Андреа Друз со 17 поени, Џордан Ларсон освои 15. Во второто полуфинале ќе се сретнат Бразил и Јужна Кореја.

Read More

Лео Меси и Барселона не успеаја да ја продолжат соработката. Поради економски причини, Барселона вечерва потврди дека Аргентинецот по толку многу години поминати на „Камп Ноу“ ова лето си заминува од клубот. „И покрај постигнувањето договор помеѓу ФК Барселона и Лео Меси и со јасна намера на двете страни да потпишат нов договор денес, тој не може да се формализира поради економски и структурни пречки (регулативи на шпанската Ла Лига). Со оглед на оваа ситуација, Лионел Меси нема да продолжи со ФК Барселона. Двете страни длабоко жалат што желбите и на играчот и на Клубот не можат да се исполнат“,…

Read More

Перут Чемутаи од Уганда го освои златниот медал на 3000 метри стиплчез на Олимписките игри во Токио, Таа делница ја истрча со време од 9:01.45 минути. Тоа е нов национален рекорд на Уганда, а 22-годишната Чемутаи на својата земја и го донесе првото злато во Токио и третиот медал вкупно (претходните два исто така во атлетика, на 10.000 метри Чептегеи и Киплимо). Кортни Фрериш од САД беше втора со време, а подиумот го комплетираше Кенијката Хивин Киенг, која беше сребрена во Рио.

Read More

Италијанските велосипедисти се нови олимписки шампиони во тимски пурсуит на Летните олимписки игри во Токио. Во последната трка, тие поставија нов светски рекорд од 3.42.032 минути, откако само ден претходно веќе еднаш го соборија најдоброто светско постигнување. Второто место и припадна на Данска, додека во пресметката за бронзата, Австралијците ги победија Новозеланѓаните.

Read More

Поранешниот дефанзивец на германската репрезентација и долгогодишен член на Шалке 04, Бенедикт Хеведес ќе биде назначен за нов директор на германската фудбалска репрезентација, објави „Спорт Билд“. Хеведес ќе биде врската меѓу тимот и Германскиот фудбалски сојуз. Тој ќе мора најпрво да мине обука, пред да го замени сегашниот менаџер Оливер Бироф, чиј договор истекува во 2024 година. Во јули минатата година, на 32-годишна возраст, Хеведес објави крај на својата професионална фудбалска кариера.

Read More