Американките Ејприл Рос и Аликс Клинеман го освоија злато на натпреварите во одбојка на песок на ЛОИ во Токио. Тие во финалето ги победија Австралијките Маријафе Артачо и Талику Кленси со 2-0 (21-15, 21-16).
Бронзените медали ги освоија Швајцарките Анук Верге-Депре и Јоана Хајдрих, кои ги победија Летонките Анастасија Кравченок и Тина Граудина со 2-0 (21-19, 21-15) во малото финале.