Грција е прв финалист на ватерполо турнирот на ЛОИ во Токио. Во првото полуфинале, грчките ватерполисти ја победија Унгарија со 9:6 и се изборија за во првото финале во историјата.
Грција сега го чека името на ривалот во финалето, а во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Србија и Шпанија.