Перут Чемутаи од Уганда го освои златниот медал на 3000 метри стиплчез на Олимписките игри во Токио, Таа делница ја истрча со време од 9:01.45 минути.
Тоа е нов национален рекорд на Уганда, а 22-годишната Чемутаи на својата земја и го донесе првото злато во Токио и третиот медал вкупно (претходните два исто така во атлетика, на 10.000 метри Чептегеи и Киплимо).
Кортни Фрериш од САД беше втора со време, а подиумот го комплетираше Кенијката Хивин Киенг, која беше сребрена во Рио.

