Англиски Ливерпул ја одби понудата на германски Шалке за купување на 21-годишниот централен дефанзивец Озан Кабак. Кабак ја помина втората половина на минатата сезона на позајмица кај Ливерпул, но „црвените“ не сакаа да го откупат неговиот договор. Сумата з акоја Шалке е подготвен да го продаде турскиот дефанзивец е само 10 милиони евра.
Author: saso
19-годишниот Давид Стојанов, член на поширокиот список на нашата одбојкарска репрезентација која се подготвува за второто учество на Европското првенство, следната сезона следната сезона ќе го носи дресот на словенечки Шоштањ Тополшица. Словенечкиот клуб утрово го потврди трансферот на нашиот младински репрезентативец, кој моментално се подготвува за Балканијадата со нашата селекција. „Големо задоволство ми е да ја започнам интернационалната кариера во Словенија, во земја каде одбојката е многу важна, а ова е исто така многу добро за мојот понатамошен развој. Имам многу позитивни информации за одбојкарскиот клуб Шоштањ. И лани и годинава амбициите се пласман во првата лига и искрено…
Милвоки успеа да го израмни вкупниот резултат во финалето на НБА плеј-офот против Феникс на 2-2, откако синоќа го доби четвртиот натпревар од финалето со 109:103. Херој на средбата беше Крис Мидлтон, кој постигна 40 поени. „Сонцата“ долго време водеа на крилјата на разиграниот Девин Букер и во третата четвртина имаа девет поени предност 85:76, но потоа поради петтата лична грешка на Букер работите се сменија. Благодарение на поените на Мидлтон (10 од 40 поени во последните две минути), како и одличната игра на Антетукумпо домашните комплетно се вратија во игра и на крајот дојдоа до победата.
Играчот за врска на италијанската фудбалска репрезентација, Мануел Локатели може да го напушти Сасуоло ова лето, по одличните настапи на Еуро 2020. Фудбалерот ги договорил личните услови за договор со Јувентус, но Сасуоло нема договор со „Старата Дама“. Јуве му понудил плата од 3 милиони евра годишно. Торинскиот клуб има намера да ја затвори зделката во блиска иднина, а Сасуоло сака да добие 40 милиони евра за играчот. Во исто време, Сасуоло има понуди и од лондонски Арсенал и Борусија Дортмунд.
Во скоро време, зделката за новиот закуп на Брахим Диаз од Реал Мадрид во Милан ќе биде затворена. Според извори од клубот, 21-годишниот шпански офанзивен играч за врска сака да игра само во Милано, а двата клуба наводно се пред договор за новиот наем. Италијанскиот клуб успеал да вклучи во договорот клаузула за можно откупување на играчот за 25 милиони евра. Во исто време, Реал Мадрид ќе има можност за ре-откуп за 30-31 милиони евра.
Швајцарската кошаркарска репрезентација со нов селектор ќе дојде на претквалификациите за Евробаскетот во Скопје. Според информациите, досегашниот асистент во грчката кошаркарска репрезентација Илијас Папатеодору е нов селектор на швајцарскиот национален тим. Тој ќе го води тимот и на претквалификациите што идниот месец ќе се одржат во Скопје. Папатеодору беше дел од стручниот штаб на Рик Питино во грчката репрезентација за време на олимписките квалификации што се одржаа пред две недели, а на кои нашиот јужен сосед на успеа да обезбеди пласман во Токио затоа што во финалето загуби од Чешка.
Шкендија вечерва од 20 часот ќе го одигра реванш мечот од 1. коло во квалификациите за ЛШ. Средбата во Мурска Собота е клучна за тетовци, кои на првиот меч во Скопје беа поразени со 1:0. Сепак, оптимизам постои во составот на Шкендија, а тренерот Ѓока најавува битка за пласман во следното коло. „Дефинитивно веруваме во пласман во следната рунда, бидејќи тоа го докажавме на првиот натпревар во Скопје. Имавме лоша среќа што не успеавме да го погодиме голот и покрај тоа што имавме огромни шанси. Мура е физички силен тим и не случајно стана шампион на Словенија. Но, ние веруваме…
Возачот на Ред Бул, Серхио Перез, кој потпиша едногодишен договор, ќе остане во тимот барем уште една сезона, соопшти Марка. Според изворот, двете страни преговараат за продолжување на соработката и како што тргнале разговорите, во скоро време се очекува објава на новата соработка. Засега сè уште не е познато на колку време ќе биде склучен новиот договорот. Мексиканецот би сакал да потпише долгорочен договор, но од Ред Бул наводно му нудат нова 2-годишна соработка.
Преселбата на играчот од средниот ред на Борусија (Д), Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед е блиску до комплетна реализација. Како што објавија англиските медиуми, денеска 21-годишниот репрезентативец на Англија ќе биде подложен на лекарски прегледи во базата на Манчестер Ј. За време на Еуро 2020 клубовите објавија дека постигнале принципиелен договор за трансфер на Англичанецот. Износот на трансакцијата е 85 милиони евра.
Австралија ја победи селекцијата на САД во пријателски меч во Лас Вегас и направи нов немир воа мериканскиот Дрим Тим. „Кенгурите“ славеа со 91:83, со што му го нанесоа и вториот пораз за само три дена на главниот конкурент за златото на ЛОИ во Токио. Австралија практично губеше цел натпревар, но направи пресврт во последните пет минути, најмногу благодарение на Пети Милс кој заврши со 22 поени и Џо Инглс со 17. Кај САД најдобри беа Демијан Лилард со 22 и Кевин Дурент со 17 поени. Следната проверка на САД е во среда против Аргентина.
