Author: saso

Денеска на специјална прес-конференција беше промовиран новиот ракометен колектив во Македонија, РК Алкалоид. Тимот ќе се натпреварува во Првата лига, а целта ќе биде созадавање на квалитетна иднина на македонскиот ракомет. Претседател на клубот ќе биде Горан Минов, некогашен ракометар, а додека главен партнер ќе биде Кирил Лазаров, најдобриот македонски ракометар. „Клубот е основан со управна одлука на компанијата, тој ќе настапува во Првата машка лига. На ваков чекор се одлучивме бидејќи ќе биде место каде што младите таленти правилно ќе ги насочиме според вистински вредности. Регрутирање, градење и насочени на млади македонски таленти е она за што ќе се…

Read More

Екипата на Шкендија го загуби првиот меч со словенечка Мура во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. На домашен терен тетовци загубија со 1:0, а тренерот Ернест Ѓока вели дека резултатот е таков само поради неискористените шанси на неговиот тим. „Кога ќе пропуштиш толку шанси, јасно е дека ќе се случи ова. Статистиката вели дека сме доминирале, имавме многу шанси кои не ги искористивме. И покрај овој пораз, ќе се бориме максимално. Нема ништо да промениме, нема потреба, само треба да реализираме. Да постигнеме гол. Мислам дека добро почнавме, и тоа е вистинскиот начин за нас. Како се одвиваше…

Read More

Селекторот на данската репрезентација Каспер Хјулман поред полуфиналниот натпревар на ЕП 2020 со репрезентацијата на Англија вели дека пред нив е најтешкиот ривал досега. „Ние нема да се откажеме само од иницијативата и да се изневериме себеси. Ќе се обидеме да играме што е можно поактивно и да прикажеме интересен фудбал. Во исто време, ние многу добро знаеме дека Англичаните ќе го сторат истото. Со истиот став ќе пристапат кон натпреварот. Англија нема слаби точки. Сè ќе се решава во ситници, мора да играме на нашите адути. На седум натпревари немаат примено ниту еден гол, ова е многу силен тим…

Read More
NBA

Феникс почна со победа во големото НБА финале, Санс го совладаа Милвоки Бакс со 118-105 во воведниот финален натпревар од НБА лигата, благодарение на фантастичното трио Крис Пол, Девин Букер и Деандре Ејтон. И покрај повредата на коленото, првата sвезда на Бакс, Јанис Адетокумбо, стисна заби и забележа дабл-дабл во поразот на својата екипа. Феникс го реши натпреварот во третата четвртина кога дојде до плус 20 поени. Најдобар поентер кај „Санс“ беше Крис Пол со 32 поени, но Ејтон забележа дабл-дабл со неверојатни 19 скока и 22 поени, а Девин Букер реализираше 27 поени и шест скока.

Read More

Францускиот играч за врска Хатем Бен-Арфа може да се врати во Олимпик Марсеј во летниот преоден рок. 34-годишниот играч во моментов е без клуб, бидејќи неговиот договор со Бордо заврши. Според изворот, главниот тренер на Олимпик, Хорхе Сампаоли е заинтересиран за играчот со кого сакаше да работи уште кога беше тренер на Севилја, но тогаш трансферот не беше реализиран. Сега Сампаоли ќе се обиде да се договори со претседателот на Марсеј за потребата од транзиција на Бен Арфа. Минатата сезона играчот за врска одигра 25 натпревари, постигна два гола и направи пет асистенции.

Read More

Селекторот на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини задоволен од пласманот во финалето по победата над Шпанија изјави дека турнирот сè уште не е завршен и неговите играчи имаат уште многу работа. „Пеналите се сурови. Шпанија покажа дека е тежок противник. Тие имаат одличен тим и одиграа многу добро. Не се претставувавме како што обично се претставуваме, но се боревме силно. Знаевме дека нè чека таков судир. Уште пред натпреварот знаевме дека Шпанците се господари на топката. Тие ни создадоа проблеми, па моравме да ја прилагодиме нашата игра и да се бориме напорно. Им честитам на момците затоа што тие веруваа…

Read More

Играчот за врска на Италија, Жоргињо, беше еден од хероите во успехот над Шпанија во полуфиналето на Евро 2020. Бразилецот со италијански пасош доби тешка задача да го изведе последниот пенал на мечот, но тоа го стори исклучително кул и бескомпромисно и со тоа се запечати успехот на својот тим. На прашањето како успеа да го изведе шутот на овој начин, тој рече дека само зел здив и шутирал. „Тоа беше голема битка против голем противник кој не принуди многу да трчаме. Не престанавме да веруваме до самиот крај и мислам дека заслуживме да победиме. Кога треба да изведете пенал,…

Read More

Десеттото издание на Ф4 турнирот од СЕХА Гаспром лигата повторно ќе се одржи во Задар, Хрватска. Како што потврдија од лигата, најдобрите четири тима од годинешното издание на регионалната лига ќе се соберат во Задар од 3-ти до 5-ти септември. Натпреварите ќе се играат во СЦ Вишњик во салата „Крешимир Ќосиќ“. Секако, пред Ф4 турнирот останува да се одиграат и оние четврфинални натпревари по кои ќе бидеат комплетирани патниците на завршниот турнир. Тие се закажани од 21 до 31 август.

Read More

Роџер Федерер ќе учествува на Олимписките игри во Токио, објави Олимпискиот комитет на Швајцарија. Според официјалното соопштение, Швајцарија ќе биде претставена со 116 натпреварувачи на најголемиот спортски фестивал на планетата. Легендарниот тенисер по петтипат ќе учествува на Игрите. Во конкуренција на двојки, тој освои златен медал со Стен Вавринка во 2008 година, а во поединечна конкуренција освои сребро во 2012 година.

Read More

Холандскиот судија Дани Макели е назначен да ја дели правдата на второто полуфинале на Еуро 2020 меѓу селекциите на Англија и Данска. Холандскиот арбитар досега веќе судеше на три средби на ова ЕП. Тој беше главен судија на отворањето на првенството на средбата меѓу Италија и Турција, а потоа го судиеше и дуелот меѓу Русија и Финска. Последен негов меч на ова ЕП беше дуелот од осминафиналето меѓу Германија и Англија.

Read More