Петтата светска тенисерка, Бјанка Андрееску, објави дека нема да игра на ОИ во Токио. „Уште од детството сонував да ја претставувам Канада на Олимписките игри, но поради сите тешкотии поврзани со пандемијата, ќе биде правилна одлука да го пропуштам турнирот“, напиша шампионката од УС Опен 2019 на социјалните мрежи. Олимпискиот тениски турнир ќе се одржи од 24 јули до 1 август.
Author: saso
Аргентинскиот плејмејкер Родриго де Пол и официјално стана член на Атлетико Мадрид. Синоќа од Атлетико се пофалија со трансферот, кој ќе го обврзе Де Пол на петгодишна соработка со „јорганџиите“. Де Пол пристигнува на стадионот „Ванда Метрополитано“ од Удинезе за 35 милиони евра по директно инсистирање на тренерот Диего Симеоне. Тој ја парафираше соработката само два дена по освојувањето на Копа Америка.
Еден од хероите на Англија во полуфиналето против Данска, Рахим Стирлинг изјави дека е среќен за победата и високиот дух што го покажаа против „црвениот динамит“. Тој исто така ја коментираше ситуацијата со пеналот кој му донесе победа на неговиот тим. “Почувствував контакт, добив удар во ногата и за мене тоа е пенал. Важно е само што топката заврши во мрежата. Првпат примивме гол, но одговоривме добро и покажавме висок дух. Знаевме дека ќе биде тешко и мора да останеме смирени. Покажавме агресија, што ни донесе успех. Сега треба да се фокусираме на финалето. Знаеме што значи фудбалот во оваа…
Германија ќе биде домаќин на Ф4 турнирот во Евролигата и следната сезона. Според потврдата која пристигна од Евролигата, завршниот турнир од новата сезона од Келн се враќа во Берлин. „Главниот град на Германија по третпат ќе биде домаќин на Фајнл-фор турнирот од Евролигата, бидејќи кошаркарската Евролига го враќа настанот во прекрасната Арена „Мерцедес-Бенц“ во Берлин викендот од 27 до 29 мај 2022 година. Градот Берлин беше извонреден партнер и во претходните сезони 2009 и 2016 година, и веќе ги започна фазите на планирање на придружните настани следната година, вклучително и на церемонијата на доделувањето на наградите“, велат од Евролигата.
ПСЖ вчера најави, а денеска и официјално го престави своето најаново засилување. Серхио Рамос е нов член на тимот на ПСЖ со договор на две години, односно до 2023 година. Со ова се завршува една голема сага околу тоа каде шпанскиот ветеран ќе ја продолжи својата кариера, откако мина години во дресот на Реал Мадрид.
Поранешниот селектор на бразилската фудбалска репрезентација, 72-годишниот Луиз Фелипе Сколари, кој ја освои титулата на Мундијалот во 2002 година, по четвртипат во кариерата ја презеде тренерската позиција во екипата на Гремио. Сколари потпиша договор со Гремио до декември 2022 година, а неговата цел ќе биде да го задржи статусот во прва лига. Гремио започна многу лошо оваа сезона, по осум кола е на дното на табелата со само два освоени бода. За време на претходниот престој на клупата на Гремио, Сколари освои една титула во Бразил, еден Куп и торфеј во Копа Либертадорес.
Легендарниот португалски стручњак Жозе Мурињо смета дека немало основа да се досуди пенал за Англија на полуфиналниот натпревар против Данска. Решавачкиот гол го постигна Хари Кејн во финишот на првото продолжение откако судијата Дани Макели покажа на белата точка по стартот над Рахим Стерлинг. „Можеби нема да ви се допадне моето мислење, но јас ќе ви кажам што видов. Немаше пенал. Победи подобриот тим, Англија заслужи да помине, тие играа фантастично, но немаше пенал“, повтори Мурињо.
Англискиот репрезентативец Џордан Хендерсон вели дека тимот покажа карактер и со тоа ја заслужи победата против Данска во полуфиналето на Евро 2020. „Секој тим може да постигне гол, а перформансот со кој Данците поведоа беше импресивен. Но, ние одговоривме одлично и тоа е најважно. Успеавме да изедначиме доста брзо и потоа започнавме да играме посилно. За мене, нашата реакција по голот беше клучниот момент на натпреварот“, рече Хендерсон.
Хокеарите на Тампа Беј се новите НХЛ шампиони, откако славеа над Монтреал по пет одиграни натпревари и вторпат по ред го освојуваат „Стенли Купот“. Тампа Беј минатата година успеа да ја исчисти конкуренцијата во „меурот“ и да стане шампион во НХЛ, а оваа година само ја потврдија својата доминација. Во решавачкиот петти натпревар, Тампа го победи Монтреал со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Рос Колтон во вториот период, по асистенција на Савар.
Младиот Микел Дамсгард кој ја донесе Данска во водство на полуфиналето синоќа против Англија, беше крајно разочаран по поразот во продолженијата. „Само сум разочаран. Стојам тука со чувство на празнина. Одигравме одлично во текот на целиот турнир и крајно е непријатно да се биде на поразен по еден ваков натпревар“, рече фудбалерот на Сампдорија.
