Со одигрувањето на четирите финални средби на исто толку квалификациски турнири кои беа одржани минатата недела, комплетирани се групите на олимпискиот кошаркарски турнир во машка конкуренција за Токио ова лето. По две големи изненадувања кои ги приредија Италија и Чешка изгледот на трите групи од по четири селекции за ЛОИ во Токио изгледа вака: ГРУПА „А“: САД, Франција, Иран, Чешка ГРУПА „Б“: Австралија, Германија, Италија, Нигерија ГРУПА „Ц“: Шпанија, Аргентина, Јапонија, Словенија Натпреварите во групната фаза почнуваат на 25 јули. Најдобрите две селекции од секоја од групите обезбедуваат место во четврфиналето, заедно со две најдобро третопласирани селекции од трите групи.
Author: saso
Шпанскиот репрезентативец Пабло Сарабија е голем знак прашалник за настап на утрешното полуфинале на Еуро 2020. Сомнеж за негов настап се појави уште по четврфиналето против Швајцарија, откако мораше принудно да биде заменет. Според шпанскиот весник „Ас“; Сарабија има мала мускулна солза во препоните е проблем за настап во вторник. Луис Енрике најверојатно нема да смета на него во стартниот тим.
Манчестер Јунајтед доставил понуда за трансфер на дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан. Според Скај Италија, англискиот клуб понудил 40 милиони евра за Французинот од Реал Мадрид, но клубот бара најмалку 70 милиони евра. Претходно беше објавено дека „црвените ѓаволи“ се блиску до купување на 28-годишниот француски репрезентативец кој влегува во последната година од договорот со шпанскиот гигант. Реал е подготвен да се раздели со играчот ова лето, но очигледно ќе помине период на преговори за да се утврди точната сума на трансферот.
Селекторот на Данска, Каспер Хјулманд пред полуфиналето со Англија на Вембли во среда, посочи дека се случува голема неправда со забраната за доаѓање на навивачите на Данска на овој меч. „Се надевам дека Борис Џонсон ќе се разбуди и ќе им овозможи на илјадниците дански навивачи кои сакаат да дојдат на натпреварот“, изјави предводникот на „црвениот динамит“. Данска е на црвената листа на британската влада, што ги принудува граѓаните на оваа земја да поминат 10-дневен карантин во хотел ако пристигнат во земјата. Ова го оневозможува скандинавскиот тим да добие поддршка од своите навивачи на полуфиналето во среда.
Дефанзивецот на италијанската фудбалска репрезентација, Леонардо Спинацола, кој се здоби со повреда на Ахиловата тетива на мечот од четвртфиналето на Еуро 2020 против Белгија, ќе биде надвор од фудбалските терени меѓу 6 и 7 месеци. Веста ја потврдиле лекарите по последните прегледи врз направени врз фудбалерот. По победата над Бразил, италијанските репрезентативци силно испратија зборови на поддршка за Спинацола, но тој нема да може да им помогне во преостанатиот дел на патот кон европската титула.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт изјави дека тој и неговиот тим нема да бидат задоволни само од пласманот во полуфиналето на Еуро 2020. Англија в среда на домашен терен во Лондон против Данска ќе се бори за финале. „Веќе се справивме со толку многу проблеми, надминавме многу бариери. Чувствувам дека играчите го доживуваат овој натпревар како уште еден предизвик. Нема да бидеме целосно задоволни ако застанеме тука. Кога пред три години игравме полуфинале на СП 2018, имавме чувство дека сме поминале далеку“, изјави Саутгејт.
Играчот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ, кариерата може да ја продолжи во Англија. Според весникот „Експрес“, Тотенхем почнал разговори со 31-годишниот Босанец. Каталонскиот клуб би сакал да се раздели со играчот, бидејќи тој не е вклучен во плановите на тренерот Роналд Куман. Во последната сезона, Пјаниќ одигра 30 натпревари, на кои не постигна гол. Според информациите, Каталонците за него ќе бараат сума од околу 20 милиони евра. Барса му понуди на Миралем да го раскине договорот во заедничка соработка, но Босанецот одби.
Фудбалската репрезентација на Шпанија е прв патник во полуфиналето на Еуро 2020. Во четвртфиналето на стадионот во Санкт Петербург, Шпанците по подобро изведување на пенали ја елиминираа Швајцарија. Шпанците го отворија резултатот во 8-та минута благодарение на автоголот на Денис Закарија, откако претходно шутираше Алба. Швајцарија израмни во 68. минута со голот на Џердан Шаќири. Во 77-та минута Швајцарија остана со десетмина по црвениот картон на Ремо Фројлер. По продолженијата немаше промени, па се премина на изведување на удари од белата точка. Шпанците беа подобри во пенал-рулетот. Серхи Бускетс, кој ја отвори серијата, ја погоди стативата, но шпанскиот голман Унаи…
Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија денеска донесе одлука да ги промени селекторите на машката сениорска и на женската репрезентација за одбојкарки до 19 години. По анализата на настапите и на резултатите во Европската сребрена лига 2021, во којашто македонскиот национален тим не успеа да го освои златниот медал, иако финалето го играше на домашен терен, челниците на ОФМ ја прекинаа соработката со Никола Матијашевиќ и решија да му го доверат кормилото на репрезентацијата на неговиот досегашен асистент Душко Николиќ. Извршниот одбор на ОФМ го констатираше придонесот на Матијашевиќ во остварувањето на досегашните цели, но исто така ја истакна…
Вардар1961 во новата сезона ќе биде посилен за уште двајца нови интернационалци кои доаѓаат од првенството на Франција. Екипата ќе има нови играчи на позициите на лев и десен бек, Диало Бакари и Јоел Куни Моралес. Французинот Бакари Диало (27) доаѓа од тимот на Трембле. Тој во кариерата има настапувано во Франција. Од 2013 до 2019 година го носеше дресот на екипата на Понто Комбо. Потоа шест сезони во овој тим направи трансфер во Трембле каде што настапуваше во последните две години. Десниот бек Јоел Куни Моралес (34) доаѓа од тимот на Данкерк, Франција. Тој е кубански интернационалец. Како дел…
