Author: saso

Борусија (Д) го потврди договорот со Манчестер Јунајтед за трансфер на крилото Џејдон Санчо. Во финансискиот извештај за трансакцијата е забележано дека износот на трансферот ќе изнесува 85 милиони евра. Во исто време, не беа споменати можни дополнителни бонуси, иако се појавија претходни информации дека Германците исто така можат да добијат дополнителни 10 милиони евра од трансферот во вид на бонуси. За да се заврши зделката, Санчо треба успешно да ги мине медицински преглед во Јунајтед и да добие петгодишен договор со „црвените ѓаволи“. Претходно беше објавено дека тој ќе заработува повеќе од 250 илјади фунти неделно.

Read More

Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ кариерата ќе ја продолжи во Индија. Манџукиќ e блиску до реализација на неочекуван трансфер и во иднина ќе го носи дресот на АТК Мохун Баган. Наскоро се очекува и официјална потврда. Хрватскиот голгетер минатата сезона се врати во Европа во тимот на Милан, но не играше многу. Се зборуваше за негово враќање во Динамо, потоа се споменуваше и Бундеслигата, но тој реши кариерата да ја продолжи во Индија, што ќе биде уште еден предизвик во неговата богата кариера.

Read More
NBA

Кошаркарите на Феникс Санс се први финалисти во големото финале во НБА лигата. Синоќа, „сонцата“ со четвртата победа против ЛА Клиперс изборена со 130:103 триумфираа во финалето на Западната конференција. Херој на вечерта беше ветеранот Крис Пол, кој постигна 41 поен, осум асистенции и четири скока, но на крајот во солзи го заврши мечот. Феникс, кој дури и не се квалификуваше во плеј-офот во НБА лигата десетпати по ред, повторно ќе игра за шампионскиот прстен за првпат по 28 години.

Read More

Италијанскиот напаѓач Чиро Имобиле го сподели своето мислење за ривалот Белгија во четвртфиналето на Еуро 2020. Натпреварот ќе се одржи утре во Минхен и ќе биде мало финале пред финалето и за двете селекции. „Белгија е прва на ранг-листата на ФИФА. Тоа е тим со извонредни играчи во составот и сите знаеме за нивниот голем потенцијал. Треба да бидеме внимателни и да се стремиме да играме на ист начин како и досега. Можеби Белгијците се малку поискусни од нас, но ние сме полни со ентузијазам“, рече Имобиле.

Read More

Актуелниот шампион на Турција, екипата на Бешикташ, исто така е во игра за потписот на босанскиот голгетер Един Џеко. Според информациите во турските медиуми, интересот на Бешикташ за Џеко е огромен и трката со Фенербахче за неговиот потпис се заострува. Потпретседателот на Бешикташ, Емре Кочадаќ, во интервју за ТРТ ја потврди веста. „Главната цел на клубот е да донесе квалитетен напаѓач. Кога имате таква цел, тогаш Един Џеко е играчот што го сакате во тимот”, рече Кокадаќ.

Read More

Лионел Меси од денеска и официјално стана слободен играч. Фудбалерот на Барселона и официјално го заврши досегашниот со каталонскиот клуб, а нов нема потпишано. Со оглед на тоа што досега не е објавено потпишување на нов договор, сега сите опции се на маса. Најреално е дека Аргентинецот ќе остане верен на клубот, но додека Меси е на Копа Америка, официјална потврда на оваа информација нема. Од него се очекува да донесе конечна одлука по континенталниот шампионат, а претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изјави во неколку наврати дека е оптимист за останувањето на Меси.

Read More

Германската фудбалска легенда, Јирген Клинсман, во интервју вели дека никој во Германија не разбира зошто крилото Џејдон Санчо не е стартер во англиската репрезентација на ова ЕП. „Во Германија, ова прашање се дискутира насекаде. Никој не може да разбере зошто Санчо не е стартер, или барем не добива поголема минутажа за играње, затоа што секој во земјата ги знае неговите квалитети и веруваме дека тој е многу посебен играч кој може да игра со поголема брзина. Тој е непредвидлив. Затоа сите сме изненадени зошто тој не добива повеќе шанса“, рече Клинсман.

Read More

Фудбалската репрезентација на Англија обезбеди пласман меѓу осумте најдобри на ЕУРО2020, откако вечерва во Лондон со два гола во завршните 15 минути ја совладаа Германија во претпоследниот осминафинален натпревар на Европското првенство. Англичаните поведоа преку Рахим Стерлинг во 75 минута, а во 86. минута победата за пласман во следната фаза ја запечати Хари Кејн. Томас Милер ја имаше шансата на мечот за Германија за израмнување на 1:1, но биеше за малку непрецизно откако се најде очи в очи со англискиот голман Џордан Пикфорд. Англија во четвртфиналето ќе игра во Рим против победникот од вечерашниот завршен осминафинален натпревар меѓу Украина и…

Read More

Турските медиуми утрово пишуваат дека по разделбата со Емре Белизоглу, бројот на кандидати за нов тренер на екипата на турскиот гигант Фенербахче се стесни на само три имиња. Управата на Фенербахче направила разговори се многу кандидати, но само тројца влегуваат во завршни преговори. Еден од нив е и екс-електорот на Македонија, Игор Ангеловски. Негови противкандидати се и Марко Силва, човек кој последно беше на менаџерските места во Ватфорд и Евертон, како и некогашниот тренер на Динамо (З), Ненад Бјелица. Фенербахче ќе го објави својот нов тренер, по конечната одлука која се чека од страна на претседателот Али Коч.

Read More

Селекторот на украинската репрезентација Андриј Шевченко вели дека за Украина самиот настап во осминафиналето успех. „Мислам дека тимот имаше добра групна фаза. Одигравме добар натпревар против Холанѓаните, одигравме добар натпревар против Македонија. Нашата група беше многу тешка. Излеговме од тоа, тимот отиде во ова осминафинале. Го постигнавме она што го зацртавме, а сега се е само еден голем бонус за сите нас“, вели популарниот Шева.

Read More