Британката Јохана Конта, полуфиналистката на Вимблдон од 2017 година, иако денеска требаше да ги почне настапите на првиот ден од новиот Грен Слем турнир, сепак, мораше да оди во изолација 10 дена, откако била во контакт со член на нејзиниот тим кој е позитивен на Ковид-19. Најдобрата британска беше принудена да се повлече од Вимблдон откако близок член на нејзиниот тим бил позитивен на коронавирусот. Конта, која во првото коло на Вимблдон требаше да се сретне со Катерина Синијакова, сега мора да седи во изолација до првиот негативен тест, не порано од 10 дена. Конта имала негативен тест, но поради…
Author: saso
По поразот од Чешка во осминафиналето на Европското првенство, актуелниот селектор на Холандија, Франк де Бур може да добие отказ. Според информациите, раководството на Холандската федерација уште синоќа било подготвено да му соопти на Де Бур дека соработката ќе биде прекината. Многу членови на управниот одбор на холандската фудбалска федерација се незадоволни од работата на селекторот, а гневни на синоќешниот пораз во осминафиналето, каде „лалињата“ влегоа како големи фаворити.
Голманот на Шпанија, Давид де Хеа, по се изгледа нема да брани на денешниот 1/8-финален меч на Европското првенство 2020 со репрезентацијата на Хрватска. Шпанскиот фудбалер бил принуден предвреме да го заврши последниот тренинг поради проблеми со нозете. „Де Хеа доживеа непријатност во задниот дел на левата нога за време на тимска сесија. Како резултат на првичниот преглед, играчот покажа мала повреда на мускулите на бутот“, велата од шпанската репрезентација.
Еден Азар и Кевин Де Бруин се повредија на вчерашниот меч со Португалија на Еуро 2020 и засега нема информација колку ќе отсуствуваат од фдубалските терени. Особено е сериозна состојбата со скочниот зглоб на фудбалерот на Манчестер Сити, чии шанси за понатамошен настап на ЕП се минимални. „Веројатно ќе ни требаат 48 часа за да констатираме за каква повреда станува збор и кај Кевин и кај Еден“, изјави селекторот на Белгија, Роберто Мартинез. „Како што е моментно глуждот на Кевин Де Бруин, изгледа лошо. Ќе видиме. Во овој момент не сме добиле никаква медицинска дијагноза од медицинскиот оддел“, изјави селекторот…
28-годишниот хрватски репрезентативец Марсело Брозовиќ зборуваше за денешниот дуел со репрезентацијата на Шпанија во осминафиналето на ЕП. „Сите знаеме дека Шпанија има одличен тим. Сепак, ние ги знаеме не само нивните предности, туку и слабостите. Долги години играат на таков начин што секогаш се трудат да бидат со топката. Ние мора да им го одземеме просторот, да ја минимизираме нивната иницијатива. Мислам дека ова ќе биде совршен план за игра“, вели Брозовиќ.
Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро е победник на трката за Големата награда на Асен во Мото ГП. Французинот на тој начин му ја одзеде можноста на Маверик Вињалес да ја одбрани титулата во Холандија, и покрај пол-позицијата што ја имаше Шпанецот. На самиот почеток, Квартараро го презеде првото место и до крајот успеа да ги одбие сите напади од конкуренцијата. Втор финишираше Вињалес, додека трет заврши уште еден шпанец, Жоан Мир.
Односите меѓу дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити и управата на клубот ескалираат. На крајот на сезоната, шефовите на Барса му порачаа на Французинот дека треба да бара нов клуб. Фудбалерот, пак, планира да остане во Барселона до истекот на сегашниот договор и нема намера да прифати понуда од друг клуб. Покрај тоа, Барса сака да преговара со играчот за намалување на платата, но тој нема да се согласи. Управата на клубот веќе е уморна од позицијата на фудбалерот по ова прашање. Можно е да бидат преземени строги мерки против него доколку тој сепак одлучи да остане во тимот. Можна е…
Англиската репрезентација се подготвува дури и за изведување на пенали на натпреварот против Германија. Во вторник, тимот на Герет Саутгејт се соочува со Бундестимот во судир во осминафиналето на УЕФА ЕУРО 2020. Англија никогаш не победила против Германија во натпревар од директните елиминации на Европско првенство. Последниот ваков судир беше на Евро 1996 година, кога натпреварот заврши 1:1 во регуларниот дел и Германците победија со 6:5 на пенали. Актуелниот селектор на „Трите лава“ е тој кој го промаши решавачкиот удар од белата точка. „Тренираме многу пенали. Тренираме со идеја дека треба да знаеме што да правиме ако дојде ред за…
Хрватскиот фудбалски сојуз соопшти дека Иван Перишиќ е позитивен на коронавирусот Ковид-19 и ќе го пропушти осминафиналниот меч против Шпанија. Еден од најдобрите хрватски репрезентативци е ставен во самоизолација 10 дена и во тој период нема да конкурира за натпреварите на Хрватска. Останатите фудбалери, членови на стручниот штаб и делегацијата се негативни на задолжителните тестови пред мечот од осминафиналето кој се игра утре во Копенхаген.
Дефанзивецот Мерих Демирал може да го напушти Јувентус ова лето. Турскиот репрезентативец имал средба со управата на клубот и потенцирал дека не е задоволен од улогата која ја има во екипата. Јувентус е подготвен да ги разгледа предлозите за трансфер на Демирал, доколку за него бидат понудени најмалку 40 милиони евра. Евертон, Тотенхем, Аталанта и Рома покажуваат интерес за турскиот дефанзивец, но засега нема клуб кој може да ја плати целата сума на трансферот. Затоа многу поверојатно е тој ова лето да оди на позајмица со опција за откуп на договорот следната сезона.
