Македонскиот фудбалски стратег и поранешен селектор, Ѓоко Хаџиевски и официјално ја потврди соработката со екипата на Хаџер од Саудиска Арабија. Тој потпиша едногодишен договор со клубот кој има за цел пласман во елитата на саудискиот шампионат. Минатата сезона Хаџиевски беше на чело на екипата на Емирати Клуб во ОАЕ.
Author: saso
Лацио по се изгледа склучил договор со Арсенал за да го донесе Лукас Тореира како ново засилување во тимот на Маурицио Сари. Преговорите веќе беа во тек неколку дена, а според последните гласини трансферот може да се смета за завршена работа. Уругвајскиот репрезентативец оваа сезона ја помина на позајмица кај Атлетико Мадрид и нема намера да се врати во Лондон. Тој забележа само 26 настапи за шампионот во Ла Лига, придонесувајќи со еден гол и една асистенција. Се очекува Лацио да го позајми со обврска да го купи за околу 15-20 милиони евра следната сезона.
Синоќа Бразил и Колумбија одиграа одличен натпревар во групата „Б“ во рамиите на Копа Америка. Возбудливата завршница донесе победа со пресврт за „кариоките“, 2:1. Колумбија водеше од десеттата минута со голот на Дијаз, но во финишот, Бразил успеа комплетно да го сврти резултатот во своја полза. Прво, Фирмино израмни на 1:1 во 78-та минута, а потоа Касемиро погоди во третата минута од продолжението за триумф на Бразил, која стана трета селекција што обезбеди пласман во нокаут-фазата на Копа Америка. Бразил е лидер во групата со девет бода од три натпревари и обезбеди место во четвртфиналето. Во првиот меч одигран синоќа…
Групната фаза на Европското првенство заврши и ги даде сите учесници во нокаут фазата која почнува в сабота. Мечевите од 1/8 финалето во фокусот ги носат пресметките меѓу Белгија – Португалија и европската класика Англија – Германија. 1/8 финале: 26 јуни 18.00 Велс – Данска 21.00 Италија – Австрија 27 јуни 18.00 Холандија – Чешка 21.00 Белгија – Португалија 28 јуни 18.00 Хрватска – Шпанија 21.00 Франција – Швајцарија 29 јуни 18.00 Англија – Германија 21.00 Шведска – Украина
66-годишниот селектор на португалската репрезентација Фернандо Сантос го коментираше резултатот од средбата од последната рунда од групната фаза на Европското првенство со репрезентацијата на Франција (2:2). „Она што навистина ми се допадна беше колективната игра на тимот. Кога ме прашаа што треба да се стори за да не се повтори натпреварот со германската репрезентација, одговорив дека е доволно да бидеме ние самите. Игравме доследно, моќно, без да го изгубиме борбениот дух. Има простор за подобрување. Сега треба да се подготвиме за дуелот со белгиската репрезентација, која е сериозен тим. Ако ги погледнете рејтинзите, таа е на прво место. Но, ајде…
Напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо, со двата гола на синоќешниот меч против Франција, успеа да го израмни светскиот рекорд по број на постигнати голови во националниот тим. Ѕвездата на Јувентус синоќа стигна до бројката од 109 гола во дресот на Португалија, со што го израмни рекордот на Иранецот Али Даеи кој досега беше единствен на врвот на оваа листа.
Кошаркарот на Торонто Репторс, Кајл Лаури, одби да настапи за американскиот тим на Олимписките игри во Токио, Јапонија. 35-годишниот кошаркар ќе стане слободен агент на крајот на сезоната. Се очекува да биде еден од најбараните играчи на пазарот. Лаури во просек постигнуваше 17,2 поени оваа сезона, остварувајќи 7,3 асистенции и 5,4 скока. Досега 11 имиња најавија дека сакаат да одат на Олимпијадата во дресот на САД, а тоа се: Девин Букер, Џејмс Харден, Кевин Дурент, Бам Адебајо, Демиен Лилард, Бредли Бил, Џејсон Тејтум, Кевин Лав, Дру Холидеј, Дрејмонд Грин и Крис Мидлтон.
Барселона ќе добие обештетување од ФИФА за повредата на играчот за врска Усман Дембеле. Како што објавија медиумите, Французинот поради повреда мораше да ја напушти селекцијата на Франција и сега мора да оди на операција. Закрепнувањето на Дембеле ќе трае околу четири месеци, а според правилата на ФИФА, клубовите добиваат компензација за повреда на играч додека бил во националниот тим за време на турнирите вклучени во меѓународниот календар. Плаќањата се вршат ако играчот е повреден подолго од 28 дена. Доколку Дембеле остане 4 месеци надвор од терените, Барса ќе добие приближно 2,5 милиони евра отштета.
Поранешниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт беше воодушевен од емотивното збогување на легендата на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев. „Мислам дека беше фантастично и емотивно. Тој е како Јохан Кројф од Македонија”, рече Ван дер Варт, како експерт на холандската национална телевизија. „Ми дојдоа солзи в очи. Мислам дека е убаво што таквите играчи добиваат такво збогување”, дополни Холанѓанецот.
Германската репрезентација извојува чиста победа против Португалија, но четворица играчи се повредија и ќе мора да паузираат. Како што пишуваат германските медиуми, Матс Хумелс сè уште страда од иритација на тетивата, Томас Милер има повреда на капсулата на десното колено, а Илкај Гиндоган се бори со проблеми со препоните. Лукас Клостерман, пак, сè уште не се опоравил од повредата на мускулот. Колку време ќе биде потребно овој квартет да се врати во изборот на Лев, засега не е објавено.
