Author: saso

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев следната сезона ќе го носи дресот на ОК Љубљана. За нашиот најдобар одбојкар ова ќе биде 17. интернационално искуство во неговата богата кариера. “Многу сум среќен што дојдов во ваков организиран клуб. Го следам тимот уште како дете и мојата цел секогаш беше да играм тука еден ден. Имам убави спомени од Љубљана бидејќи тука го добивме натпреварот на Европското првенство во 2019 година со македонската репрезентација против домашниот тим“, изјави Ѓоргиев. Минатата сезона Ѓорѓиев ја заврши како член на турски Инегол Беледијеспор.

Read More

И покрај постојаниот раст на пандемијата со Ковид-19, организаторите на Олимпијадата во Токио сакаат да дозволат присуство до 10.000 локални гледачи на сите натпреварувања на Летните игри во Токио. Сепак, максимум половина од местата во арените ќе може да бидат пополнети. Натпреварите во главниот град на Јапонија, кои започнуваат за 32 дена, исто така може да се одржат зад затворени врати, доколку бројот на инфекции се зголеми повторно. Одлуката за тоа колку навивачи ќе имаат право да присуствуваат на Параолимписките игри е одложена за 16 јули.

Read More

Франција е најголемиот фаворит за европската фудбалска круна, сметаат анатлитичарите на копанијата „Статс Перформ“ од САД. Според компанијата за податоци и анализи на спортски податоци од Чикаго, „галските петли“, сепак имаат најголеми шанси за комплетен успех, иако одиграа две бледи средби на стартот на првенството. Пресметките кои ги прават во „Статс Перформ“ се прилично комплицирани, бидејќи се земени предвид голем број фактори, како историски достигнувања, моментална форма, степен на тешкотија на проток до финале, квалитет на потенцијални противници и резултати од дуелот со текот на годините, веројатност за конечен резултат и коефициенти од обложувалниците низ целиот свет. Според конечните алгоритамски…

Read More

Катар ќе побара од сите навивачи кои сакаат да присуствуваат на СП во фудбал следната година да имаат сертификат за вакцинација. Шеикот Калид бин Калифа, премиер на арапската земја, вели дека ќе обезбеди милион дози вакцини со цел да се имунизираат оние кои сакаат да го следат планетарното првенство. „Сигурен сум дека до почетокот на Светското првенство во 2022 година, повеќето земји ќе ги вакцинираат своите граѓани. Ако некои не се во можност, ќе обезбедиме вакцина. Општо, никој што не е имунизиран нема да може да влезе на стадион“, истакна Калид бин Калифа.

Read More

Италија синоќа успеа да го израмни својот рекорд од далечната 1939 година, кога запиша 30 последователни натпревари без пораз. Рекордот кој е во сила цели 82 години, денеска беше израмнет со победата над Велс од 1:0. Италија беше непоразена за 30 натпревари од 24 ноември 1935 година до 20 јули 1939 година. Во тој период, „азурите“ освоија три турнири, поточно Интернационалниот куп, Олимписките игри во 1936 година и Светското првенство во 1938 година. Тогашната Италија собраа 24 победи и шест нерешени натпревари. Сегашната репрезентација предводена од Роберто Манчини е без пораз од 10 септември 2018 година, кога последен пат загуби…

Read More

Играчот за врска на Ајнтрахт, Филип Костиќ, кариерата може да ја продолжи во Италија. Според информациите, Лацио е заинтересиран за 28-годишниот Србин, кој е желба и на новиот тренер Сари. Римјаните имаат намера да го добијат фудбалерот на позајмица за 3 милиони евра, со можност за откуп за 20 милиони евра. Во сезоната што заврши, Костиќ одигра 30 натпревари во Бундеслигата, на кои постигна четири гола и направи 17 асистенции.

Read More

Кошаркарите на Атланта славеа со 103-96 и ја елиминираа Филаделфија, во „мајсторката“ од полуфиналето на Источната конференција. Атланта за првпат од сезоната 2014/15, обезбеди конференциско финале, каде за противник го очекува тимот на Милвоки. Во решавачкиот натпревар, Кевин Хортер со 27 поени го предводеше тимот до победата, а одличен меч имаше и Треј Јанг, кој овојпат додаде 21 поен за победа на Атланта. На Западот, Феникс Санс започна со победа во конференциското финале. На мечот против ЛА Клиперс, Санс славеа со 120:114. И без ѕвездата Крис Пол кој поради здравствени протоколи во врска со Ковид-19 не можеше да игра, Феникс победи…

Read More

Селекторот на Холандија, Франк де Бур на денешниот меч со Македонија ќе излезе со скоро комплетниот стартен тим, без разлика што „лалињата“ обезбедија пласман во следната фаза. Според холандските медиуми, Де Бур најавил само две промени во стартните 11 за дуелот со Македонија. „Ќе има само две промени, но кои ќе бидат, ќе видите утре“, им рекол Де Бур н ахоландските новинари. Се очекува на клупата да остане Мартен де Рон, фудбалерот на Аталанта, кој веќе доби жолт картон, а на негово место најверојатно ќе заигра Рајан Гравенберх.

Read More

Со победата од 1:0 над селекцијата на Велс, Италија со максимални 9 бода го потврди првото место во групата „А“ на Европското првенство во фудбал. Единствениот гол на мечот го постигна Песина во првото полувреме, а и покрај поразот Велшаните како второпласирани со 4 бода обезбедија место во втората фаза. Швајацарија која вечерва ја совлада Турција со 3:1 остана на третото место, само поради полошата гол разлика од Велс. Два гола од трите за Швајцарците денеска постигна Џердан Шаќири, а третиот беше дело на Сеферовиќ. Голот за Турција беше дело на Кавечи. Турците со само еден гол и без бод…

Read More

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ од денеска и официјално е нов кошаркар на шпанска Валеснија. Клубот го потврди трансферот кој беше познат и од поодамна. Димитријевиќ во наредните 4 години ќе го носи дресот на Валенсија, откако оваа сезона ја заврши во Хувентуд играјќи одлична сезона со 10,6 поени, 1,5 скока и 3, 6 асистенции во шпанското првенство, и со одлична статистика во Евро Купот каде во просек имаше 12,9 поени, 1,6 скока, 3,6 асистенции.

Read More