И покрај постојаниот раст на пандемијата со Ковид-19, организаторите на Олимпијадата во Токио сакаат да дозволат присуство до 10.000 локални гледачи на сите натпреварувања на Летните игри во Токио.
Сепак, максимум половина од местата во арените ќе може да бидат пополнети. Натпреварите во главниот град на Јапонија, кои започнуваат за 32 дена, исто така може да се одржат зад затворени врати, доколку бројот на инфекции се зголеми повторно. Одлуката за тоа колку навивачи ќе имаат право да присуствуваат на Параолимписките игри е одложена за 16 јули.

