Реал Мадрид не планира да прави голем број трансфери ова лето. Според весникот „Марка“ од клубот се децидни, летово се заинтересирани само за две имиња: Халанд од Борусија (Д) и Мбапе од ПСЖ. Новиот тренер Карло Анчелоти најавил дека клубот нема намера да купува нови играчи ова лето, освен ако двајцата млади голгетери успеат да се договорат со управата на мадридскиот тим. Италијанецот е подготвен да работи со постојниот состав, со едно конкретно засилување во името на Мартин Одегард, кој се врати на „Бернабе“ по позајмицата во Арсенал. Анчелоти верува дека тој ќе биде изненадувањето на Реал во новата сезона.
Author: saso
УЕФА денеска ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на последните осминафинални дуели на ЕП кои се на програмата во вторник. Натпреварот Англија – Германија ќе го суди холандска судиска тројка, предводена од Дани Макели. Средбата Украина – Шведска ќе ја судат Италијанци предводени од Даниеле Орсато.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Австрија, која е на програмата во недела од 15 часот на патеката Ред Бул. Холанѓанецот стигна до вториот последователен пол, и третиот во сезоната откако го постигна најдоброто време во квалификациите. Лидерот во генералниот пласман зад себе ги остави ривалите од Мерцедес, Валтери Ботас (+0.194) и Луис Хамилтон (+0.226).
Поранешниот стратег на Вардар и на Еурофарм Работник, Андон Бошковски, е нов тренер на Тинекс Пролет за наредната сезона. Од клубот денеска потврдија дека е постигнат договор за двогодишна соработка, а Бошковски ќе го предводи тимот во европската авантура, но истовреме и ќе се обиде да ги повтори резултатите од минатата сезона, когаТинекс Пролет ја заврши сезоната на извонредната трета позиција на македонската ракометна сцена. Бошковски минатата сезона ја почна како предводник на проектот Голден Арт КЛ7, клуб со кој бележеше добри резултати и овозможи развој на младите ракометари на оваа екипа. На почетокот од годинава тој си замина од…
Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес ќе ја започне трката за Големата награда на Холандија од пол-позицијата, откако постави рекорд на патеката во Асен и сосема заслужено ги доби квалификациите. Шпанецот ќе започне во недела пред неговиот колега од тимот, Фабио Квартараро. Квалификациите беа обележани со борба меѓу возачите на Јамаха. Шпанецот трката ќе ја започне од првата позиција по 24-ти пат во кариерата, 13-та во кралската класа. Тоа ќе биде неговиот прв пол оваа сезона.
По само 6 месеци поминати во Италија, 30-годишниот руски напаѓач од екипата на Фиорентина, Александар Кокорин може да го смени клубот. Клубови од Русија и Блискиот исток се заинтересирани за услугите на играчот. „Виолетовите“ немаат против да го продадат, но само за соодветна сума. Кокорин се пресели во италијанскиот клуб од Спартак на крајот на јануари 2021. Тој одигра 4 натпревари за Фиорентина, а има важечки договор до јуни 2024 година.
Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид, Интер и холандската репрезентација Весли Снајдер вели дека негов прв фаворит на Европското првенство е Италија. „Данска сега е на добар пат, нели? Но, по сè што видов, имам нов фаворит: Италија. Ја гледав и Франција како фаворит, но тие сè уште не ме убедија. Затоа, се предомислив“, вели Снајдер.
Абдалела Харун, освојувач на бронзениот медал на 400 метри од Светското атлетско првенство во Лондон во 2017 година, загина во сообраќајна несреќа. Тажната вест ја објави Олимпискиот комитет на Катар. Несреќата се случила ноќта помеѓу петокот и саботата. Исходот за жал беше кобен за 24-годишното момче, родено во Судан. За време на неговата голема кариера, тој освои сребро на Светското првенство во сала 2016 година. Тој исто така беше светски шампион во јуниорска конкуренција од Бидгошч во 2016 година.
Милош Теодосиќ следната сезона би можел да го носи дресот на Анадолу Ефес, актуелниот освојувач на Евролигата. Според најавите на италијанските медиуми, српскиот играч би го заменил својот сонародник Василије Мициќ во тимот на турскиот шампион, затоа што Мициќ планира да се испроба во НБА лигата. Доколку сака да го донесе Теодосиќ, Ефес ќе треба да му плати на Виртус клаузула од 250.000 евра до 10 јули. Тоа е цената што тимот од Болоња ја одреди за трансфер на Србинот во Евролигата.
Новиот напаѓачот на Барселона и репрезентацијата на Холандија, Мемфис Депај во новиот договор со Каталонците има клаузула за заминување во висина од 400 милиони евра, објави весникот АС. Изворот вели дека клубот ја потврдил оваа информација. Претходно, Барселона го објави потписот со напаѓачот на Лион, кој со Каталонците има договор со 2024 година. Претставувањето на Депај како играч на каталонскиот клуб ќе се случи откако репрезентацијата на Холандија ќе го заврши настапот на Европското првенство.
