Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро е победник на трката за Големата награда на Асен во Мото ГП.
Французинот на тој начин му ја одзеде можноста на Маверик Вињалес да ја одбрани титулата во Холандија, и покрај пол-позицијата што ја имаше Шпанецот.
На самиот почеток, Квартараро го презеде првото место и до крајот успеа да ги одбие сите напади од конкуренцијата. Втор финишираше Вињалес, додека трет заврши уште еден шпанец, Жоан Мир.

