Кошаркарите на Феникс Санс се први финалисти во големото финале во НБА лигата. Синоќа, „сонцата“ со четвртата победа против ЛА Клиперс изборена со 130:103 триумфираа во финалето на Западната конференција.
Херој на вечерта беше ветеранот Крис Пол, кој постигна 41 поен, осум асистенции и четири скока, но на крајот во солзи го заврши мечот.
Феникс, кој дури и не се квалификуваше во плеј-офот во НБА лигата десетпати по ред, повторно ќе игра за шампионскиот прстен за првпат по 28 години.

