Феникс почна со победа во големото НБА финале, Санс го совладаа Милвоки Бакс со 118-105 во воведниот финален натпревар од НБА лигата, благодарение на фантастичното трио Крис Пол, Девин Букер и Деандре Ејтон.
И покрај повредата на коленото, првата sвезда на Бакс, Јанис Адетокумбо, стисна заби и забележа дабл-дабл во поразот на својата екипа. Феникс го реши натпреварот во третата четвртина кога дојде до плус 20 поени. Најдобар поентер кај „Санс“ беше Крис Пол со 32 поени, но Ејтон забележа дабл-дабл со неверојатни 19 скока и 22 поени, а Девин Букер реализираше 27 поени и шест скока.

