Милвоки успеа да го израмни вкупниот резултат во финалето на НБА плеј-офот против Феникс на 2-2, откако синоќа го доби четвртиот натпревар од финалето со 109:103. Херој на средбата беше Крис Мидлтон, кој постигна 40 поени.
„Сонцата“ долго време водеа на крилјата на разиграниот Девин Букер и во третата четвртина имаа девет поени предност 85:76, но потоа поради петтата лична грешка на Букер работите се сменија.
Благодарение на поените на Мидлтон (10 од 40 поени во последните две минути), како и одличната игра на Антетукумпо домашните комплетно се вратија во игра и на крајот дојдоа до победата.