Одбојкарската селекција на САД во женска конкуренција го освои олимпискиот турнир откако утрово во финалето Американките доминираа против Бразил и славеа со убедливи 3-0 по сетови (25-21, 25-20, 25-14).
За САД ова беше прво злато на одбојкарскиот олимписки турнир во женска конкуренција.