Претставниците на ПСЖ веруваат дека Борусија Дортмунд е подготвена да го продаде напаѓачот Ерлинг Халанд за 200 милиони евра. Борусија не сака да го пушти Халанд, но 21-годишниот фудбалер има клаузула за откуп од 75 милиони евра, која ќе стапи на сила следната година, а ПСЖ верува дека понуда од околу 200 милиони евра би можела да го убеди Дортмунд да се согласи на продажба на голгетерот уште ова лето. Претставниците на ПСЖ веќе имале контакт со агентот на напаѓачот, Мино Раиола, за да дознаат дали е можно да се организира негов трансфер неколку дена пред да се затвори преодниот…
Author: saso
Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ги објави деталите околу начинот на кој ќе се играат квалификациите за следниот Мундобаскет во 2023 година, во кои, првпат во историјата, ќе настапува и репрезентацијата на Македонија. Предвидени се две фази, односно по првичната поделба на 32 селекции што ќе учествуваат во осум групи, најдобрите три од секоја од нив ќе продолжи во вториот дел каде што ќе бидат распределени во четири дела со по шест национални тима. Новината за овој циклус е што репрезентациите во втората фаза ќе ги пренесуваат бодовите од првата. Пласман на Мундобаскетот ќе обезбедат првопласираните три селекции од секоја од…
Ефектот наречен Кристијано Роналдо му донесе голем бенефит на Манчестер Јунајтед уште по првиот ден на потврдата на трансферот. По официјалната потврда од клубот дека Португалецот се враќа во дресот на тимот од „Олд Трафорд“, вредноста на клупските акции се зголемила за 8%. Статистиката вели дека и официјалните профили на клубот на социјалните мрежи добиле милион следачи плус откако е објавена веста за доаѓањето на Роналдо.
Српскиот фудбалски репрезентативец Филип Костиќ го бојкотирал вчерашниот тренинг на Ајнтрахт Франкфурт со надеж дека ќе ги натера сопствениците на клубот да му овозможат трансфер до крајот на преодниот рок. Како што пренесува германски „Билд“, крилниот напаѓач експлицитно бара да му биде дозволен трансфер во Лацио, додека неговиот клуб не сака да преговра со Лацио за негова продажба. Костиќ намерно го пропуштил тренингот и на тој начин изрази револт против челниците на клубот.
НБА тимот Бруклин Нетс одлучи да се раздели со центарот Деандре Џордан. Според информацијата, ако Бруклин не успее да тргува со Деандре Џордан, неговиот договор може да се откупи. Забележано е дека ситуацијата е комплицирана од фактот што Нетс се соочуваат со тешкотии со потенцијална размена на кошаркар, бидејќи тимот нема вредни драфтови што може да се понудат на другата страна од договорот. Џордан е во Бруклин Нетс од 2019 година. Неговиот просек во регуларната сезона 2020/2021 беше 7,5 поени, 7,5 скокови, 1,6 асистенции.
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо се враќа во Манчестер Јунајтед, потврдија „црвените ѓаволи“. Фудбалерот ќе го потпише договорот со клубот откако ќе добие виза и ќе помине лекарски преглед. Британските медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед му понудил на Јувентус 25 милиони евра за 36-годишниот Португалец, а договорот на Роналдо со британскиот клуб ќе трае до 2023 година. Претходно беше објавено дека Манчестер Сити има намера да му понуди договор на Роналдо до 2023 година, но одеднаш клубот се откажа , па беше објавено дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за ангажман на Кристијано, кој веќе играше за „црвените ѓаволи“ пред да се…
По извонредните резултати постигнати на европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21), ашата делегација се врати во земјава и беше пречекана од претставници на ИО на КФМ, тренери и спортисти од повеќе наши клубови, како и членови на нивните семејства. На ова првенство македонските каратисти постигнаа резултати кои се меѓу најдобрите во историјата на младинските првенства, со 4 медали во конкуренција на 45 земји со 1000 млади каратисти. Стефан Стојановиќ освои јуниорско злато, Столе Смилковски сребро во У21, Андреј Басаров сребро за кадети а Матеј Белистојаноски бронза за јуниори. Во квалитетниот настап се надополнуваат едно петто, четири седми…
Селекторот на машката одбојкарска репрезентација, Душко Николиќ денеска го одреди составот на македонската репрезентација за настапот на Европското првенство. Во споредба со нашето дебитантско учество на континенталните самити, националниот дрес ќе го носат Лука Костиќ и Филип Савовски, покрај 12-темина коишто играа и во Љубљана. На коректорската позиција ќе биде капитенот Никола Ѓорѓиев, а Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Деспотовски ќе се менуваат на позицијата техничар. Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ и Васе Михаилов се примачите на црвено-жолтите, Ристо Николов, Филип Маџунков, Филип Савовски и Славе Наковсе нашите средни блокери, а либера Дарко Ангеловски и Филип Николовски. Стојче…
Во пресрет на четврточкиот дуел од четврфиналето во СЕХА лигата меѓу Вардар 1961 и ППД Загреб, тренерот на гостите Ивица Обрван истакна дека одлуката за патникот на Ф4 турнирот ќе се решава во Загреб. “По три недели подготовки заедно со турнирот во Добој пред нас е важен меч. Би рекол дека шансите се еднакви и за нас и за Вардар. Резултатот од првиот натпревар нема да биде гаранција за ништо освен ако не биде со голема разлика. Верувам дека учесникот на Ф4 ќе биде одлучен во Загреб. Ни преостанаа уште неколку тренинзи за да се подготвиме за Вардар и да…
Холандскиот клуб Донар Гронинген ќе биде домаќин на А-групата каде е пријавен Куманово. Победникот од четвртфиналето меѓу Куманово и Свонс Гмунден од Австрија ќе игра со Гронинген во полуфиналето. Бенфика од Португалија и романски Волунтари ќе се соочат во другото полуфинале. Победникот од овој турнир ќе биде сместен во групата Ц од редовната сезона. Вториот македонски претставник, ТФТ ќе игра квалификации во Ц-групата во Русија. Домаќинот Енисеј Краснојарск во првото полуфиналето ќе игра со израелски Хапоел Хаифа во првото полуфинале. Германскиот Меди Бајројт во второто полуфинале го чека победникот од четвртфиналната пресметка меѓу ТФТ и унгарски Натуртекс-СЗТЕ-Сегед. Победникот од турнирот…
