Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино ја појасни ситуацијата околу синоќешната замена на Лионел Меси на натпреварот против Лион, по која аргентинската sвезда се налути и не сакаше да се поздрави со него. „Решивме да го извадиме Меси за да го заштитиме од можна повреда. Ни претстојат важни натпревари и мора да сме сигурни дека тој ќе биде на линија. Оваа одлука беше за доброто на тимот. Некогаш на играчите им се допаѓаат постапките на тренерот, другпат не. Сите знаат дека имаме одлични фудбалери, така што одговорноста е голема. Разговарав со Меси и тој рече дека е добро. Нема проблем“, објасни…
Author: saso
Италијанскиот шампион Интер ќе се обиде да го доведе играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван ден Бек, во зимскиот преоден рок. 24-годишниот холандски интернационалец ја започна својата втора сезона на „Олд Трафорд“, но сепак има многу мали шанси да се појави како стартер во тимот на менаџерот Оле Гунар Солскјер. Во тековната сезона, тој има одиграно само 51 минута во два меча во кои се најде на теренот. Според Калчомеркато, доколку играчот од средниот ред продолжи да седи на клупата, Интер ќе се обиде да го откупи за време на зимската пауза.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека „се чувствува виновен“ што неговиот тим не ги израдува навивачите на „Етихад“ со добрата игра и победа над Саутемптон во натпреварот од петтото коло во Премиер лигата. Мечот заврши нерешено, а „граѓаните“ успеаја да направат само еден прецизен удар кон голот. Во текот на неделата, Гвардиола имаше конфликт со навивачите на Сити, откако изјави дека се надева дека стадионот ќе биде полн за натпреварот со „светците“, навестувајќи ги многуте празни места за време на победата од 6:3 над РБ Лајпциг во Лигата на шампионите. „Секогаш се чувствувам лошо кога нема да одиграме…
Менаџерот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола, откри што ќе направи шведскиот голгетер кога ќе ја заврши кариерата. Ибрахимовиќ (39) во моментов ги брани боите на Милан, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната. „Зборуваме за иднината секоја година. Сигурен сум дека кога веќе нема да се почувствува како прва виолина, тој ќе каже„ доста“ и ќе стане директор на клуб“, рекол Раиола.
Поранешниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел ја платил операција на срцето на детето на неговата домаќинка од Париз, а пред да замине од француската престолнина и дал и скап подарок, пренесува РМЦ Спорт. Откако се населил во париско предградие во 2018 година, Германецот ангажирал домаќинка со потекло од Филипините. Постепено Тухел дознал за животните проблеми на жената. Се испостави дека таа работела за да плати за операција на срцето за своето дете. Тогаш тренерот одлучи да ги покрие сите трошоци за третманот. Подоцна, пред да го напушти Париз, германскиот тренер и купил и куќа на Филипините.
Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал, Едсон Арантес до Насименто Пеле, повторно е префрлен на одделот за интензивна нега во болницата во Сао Паоло, но неговата ќерка вели дека добро се опоравува. Познатиот фудбалер, кој денес има 80 години, минатата недела успешно беше опериран во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, каде што му беше отстранет туморот на дебелото црево. Трикратниот победник на Светското првенство е во болница од 31 август, откако неговиот тумор беше откриен со рутински тестови.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Даниел Аврамовски го раскина договорот со турскиот прволигаш Кајсериспор. Како што потврдија од клубот, соработката со нашиот интернационалец е спогодбено завршена, така што тој е слободен да си бара нов клуб. Според турските весници, уште пред да биде договорен раскинот на договорот со Кајсериспор, Аврамовски постигнал договор за соработка со екипата на Гиресунспор. Се чека официјална потврда на соработката.
Бразилскиот фудбалски клуб Коринтијанс се согласи да го одложи дебито на поранешниот играч на Арсенал и Челзи, Вилијан, откако здравствените власти во Бразил се заканија со казни, доколку тој не го заврши 14-дневниот карантин по пристигнувањето од Англија. Вилијан пристигна во Бразил на 1 септември и тренираше со тимот, а вчера требаше да дебитира против Атлетико Гојаненсе. Бразилскиот здравствен регулатор изјави дека играчот се согласил да влезе во Бразил и да биде ставен во карантин 14 дена бидејќи пристигнал од Англија.
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба сега сака нов договор со клубот откако во тимот се приклучи Португалецот Кристијано Роналдо. Договорот на Французинот со „црвените ѓаволи“ истекува летото 2022 година, а претходно беше објавено дека Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на играчот, но Манчестер Јунајтед нема намера да се раздели со него и има намера да го продолжи договорот.
Младиот фудбалер на Ливерпул, Харви Елиот, кој вчера на гостувањето кај Лидс Ј. заработи тешка повреда, ќе мора на операција. Како што објавија „црвените“, 18-годишникот има дислокација на скочниот зглоб и ќе мора да оди на хируршки зафат. Операцијата е закажаа за утре. Ако се помине во најдобар ред, останува да се почекаат прогнозите на лекарите околу комплетниот период на негово опоравување, кое сигурно ќе потрае подолго.
