Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не можеше да се помири со вчерашниот пораз од Астон Вила во Премиер лигата. Хаусе им донесе победа на гостите, откако домашните промашија пенал за израмнување. „Не уживав и не ми се допадна начинот на кој го опколија судијата и просторот околу белата точка и се обидоа да влијаат на Бруно. Јасно е дека им успеа, но тоа не е убаво да се гледа. Сепак го постигнаа тоа што го сакаа“, изјави Солскјер, кој за промашениот пенал на неговиот фудбалер ги обвини гостите.
Author: saso
Барселона објави враќање на играчот од средниот ред Ансу Фати во тимот. На социјалните мрежи на каталонскиот клуб се појави видео со 18-годишен играч кој, поради повреда, не бил на теренот од 7 ноември 2020 година. Во видеото, Фати вели: „Подготвен сум“. Да потсетиме, од оваа сезона Фати ќе игра за Барселона под 10 -тиот број, кој долги години му припаѓаше на Лионел Меси.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе ја започне трката за ГН на Русија во недела од задниот дел на стратната линија, како резултат на казната за користење премногу мотори. Ред Бул мораше да земе и четврти мотор сезонава, еден повеќе од дозволеното за една сезона. Тие одлучија да го сторат тоа во Русија, откако му беше изречена казна од три места претходно за неговиот удар во судирот со ривалот за титулата Луис Хамилтон на последната трка.
Двата најголеми ривали на домашната кошаркарска сцена, МЗТ Скопје А. и Работнички, вечерва од 19.30 часот ќе ја имаат честа да ја кренат завесата на новата кошаркарска сезона кај нас. Откако минатата сезона МЗТ Скопје Аеродром ги освои двете домашни титули, денеска против Работнички ќе се сретне во дуел и за третиот трофеј, оној наменет за најдобриот македонски состав во Суперкупот. „Ќе биде убаво ако сезоната ја започнеме со освојување на трет пехар во серија. Суперкупот е натпревар кој е увертира за новата натпреварувачка сезона во кој нас нè чекаат многу натпревари. Би требало да биде релативно ревијален тип на…
Селекторот на нашата женска ракометна репрезентација Љубомир Савевски денеска го објави скратениот список од 30 ракометарки на кои ќе смета на ЕХФ неделата во рамките на ЕХФ Еврокупот. За време на ЕХФ неделата Македонија ќе одигра два меча против селекцијата на Црна Гора и тоа на 7 октомври во Скопје, а на гости играме три дена подоцна. Собирот е закажан на 30 септември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Да кажеме дека од првичниот список отпаднаа пет ракометарки. СПИСОК НА РАКОМЕТАРКИТЕ: НАТАША АНТИЌ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК СКОПЈЕ МАРИЈА ЈОВАНОВСКА ЖРК КУМАНОВО МАТЕА ЧУРЛИНОВСКА ЖРК ДЕСПИНА САРА МИНОВСКА ЖРК ВАРДАР ЗЛАТИЦА…
Конечно, заврши извонредната серија на голови на Роберт Левандовски во дресот на Баерн (М). Синоќа на мечот против Гројтер Фирт, полскиот голгетер не постигна гол за Баерн и тоа се случи за првпат од февруари оваа година. Баварците победија со 3:1, но Полјакот не успеа да запише нов погодок зад своето име. Левандовски постигна гол без прекин во последните 19 натпревари за Баерн, од кои 15 во Бундеслигата. Тој последен пат го напушти теренот без постигнат гол на 11 февруари оваа година.
Манчестер Сити ќе се обиде да го купи Килијан Мбапе уште во јануари, велат новинарите Јан Мекгари и Данкан Кастелс. На овој начин „граѓаните“ ќе се обидат да го претекнат Реал Мадрид, кој досега важеше за главен фаворит за потписот на францускиот напаѓач. Договорот на 22-годишниот фудбалер истекува во јуни 2022 година и во оваа фаза се чини дека тој нема да потпише вов договор. Сопственикот на „граѓаните“ Шеикот Мансур е амбициозен по секоја цена да го доведе Мбапе на „Етихад“, а неговата идеја е да го „киднапира“ во јануари, под носот на Реал Мадрид.
Ракометарите на Вардар ја запиша првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите, откако на домашен терен го совлада Мешков Брест со убедливи 35-27 (19-13). Вечерва Вардар потсети на шампионските денови кога играше со голема самодоверба и без проблем ги газеше противниците. Мартин Томовски средбата ја заврши со десет одбрани, Кевин Њокас беше прв стрелец со осум гола, а Моралес постигна шест.
Следното 42. издание на Евробаскетот во машка конкуренција, кој ќе се одржи во септември 2025 година, повторно ќе биде организиран во четири земји, а по веќе успешната формула за повеќе градови-земји, која за првпат беше воведена во 2015 година. Летонија, Унгарија, Русија и Украина поднесоа понуди за организатори на групната и завршната фаза, а во меѓувреме, Кипар и Финска испратија понуди за организирање на групната фаза. ФИБА Европа ќе изврши инспекција на кандидатите меѓу октомври 2021 и јануари 2022 година, а пред Одборот на европската зона на ФИБА да одлучи кои четири града ќе станат домаќини на овој европски собир…
Агентот на дефанзивецот на Јувентус и холандската репрезентација Матијас де Лихт, Мино Раиола, вчера изјави дека фудбалерот може да го промени клубот во текот на летото. Според новинарот и инсајдер Фабрицио Романо, договорот на Де Лихт со Јувентус предвидува сума за откуп, која изнесува 150 милиони евра. Клаузулата во моментов е неважечка и ќе стапи на сила летото 2022 година. Сепак, според неговите информации, Јувентус нема намера да го пушти Де Лихт.
