Шпанија вечерва ќе се сретне со Италија во полуфиналето на Лигата на нации во Милано, кое ќе биде реприза на полуфиналето од ЕП ова лето. Неверојатната серија на Италија без пораз на сите турнири е се уште непроменета и освојувачите на европската круна денеска тргнуваат по својот 38-ти натпревар по ред без пораз во сите натпреварувања, откако последен пат загубија од Португалија со 1-0 во воведната сезона на Лигата на нации пред 3 години. Шпанија има само една победа на Италија во последните пет меѓусебни дуели во сите натпреварувања, и нема победа на гостински терен во Италија уште од далечната…
Author: saso
НБА натпреварот меѓу Мефис Гризилес и Милвоки Бакс кој се играшше како дел од подготвителните дуели, беше прекинат по третата четвртина. Во моментите кога двата тима се подготвуваа да ја стартувата последната четвртина се вклучил алармот за пожар во салата во Мемфис. Присутната публика веднаш почна да ја напушта салата, додека играчите и стручните штабови на двата тима беа придружувани до соблекувалните. Кога салата се испразни, стана јасно дека мечот нема да продолжи. Што е најважно, никој не е повреден, но противпожарната служба сепак мораше да излезе на местото на настанот поради протоколот.
Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала е блиску до кам-бек по повредата, поради која ги пропушти натпреварите против Челзи во Лигата на шампионите (1-0) и против Торино во Серија А (1-0). Според последните вести, тој може да се појави во тимот веќе на натпревар против Рома на 17 октомври по меѓународната пауза. Исто така, вестите од Италија велат дека преговорите за продолжување на договорот на Аргентинецот добро напредуваат. Со голема веројатност, договорот ќе биде потпишан до 2025 година со годишна плата од 10 милиони евра.
Одбојкарската сезона кај нас почнува на 16 октомври. Првата лига во машка конкуренција ќе брои 11 екипи, а дамите ќе имаат две лиги, од кои онаа првата ќе брои осум екипи. Вчера со ждрепка беше одреден и распоредот за есенскиот дел којшто ќе трае од 16-ти октомври до првата половина на декември и ќе ги одреди патниците во борбата за титулата. ПРВА ЛИГА – МАЖИ 1-КОЛО (16 ОКТОМВРИ) Универзитет во Тетово – Штип УГД Вардар – Лирија Шкендија – Дибра Волеј Јанта Волеј – Македонија Џио ГОК Борец – Весна Пробиштип Струмица 47&72 (слободна) ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ 1-КОЛО (16…
Формула 1 потврди дека планира да биде целосно „еко-натпреварување“ до 2030 година. Ова ќе значи дека Формула 1 ќе се обиде да се ослободи од испуштањето на јаглерод диоксид во атмосферата со примена на нова технологија и ново гориво за болидите. Првите луѓе на Формула 1 уверуваат дека болидите нема да ја загубат брзината, и покрај фактот дека моторите изградени според новите прописи ќе користат биогориво. Според нив, енергетската густина на горивото ќе остане апсолутно непроменета. Слично гориво веќе се користи во некои прототип возила. За да се создаде „зелено“ гориво, ќе бидат потребни технологии за извлекување на јаглерод диоксидот…
Членовите на Здружението на навивачи на Њукасл со големо мнозинство се изјаснија дека клупското раководство во најитен рок треба да му врачи отказ на менаџерот Стив Брус. Повеќе од 94% од гласовите се за итна смена на тренерот. „По седмиот последователен натпревар во Премиер лигата без победа и осми во сите натпреварувања, по само седум победи во последните 37 натпревари, во саботата со Вулверхемптон се забележува јасно зголемување на незадоволството кај навивачите. Ги прашавме нашите членови дали мислат дека Стив Брус треба да се повлече? Повеќе од пет илјади луѓе одговориле за еден ден, а од нив, 94,3% рекле да“,…
Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за октомвриските квалификациски натпревари за пласман на Европско првенство 2023. Нашата селекција на 7. октомври игра против Фарски Острови во Клаксвик, а четири дена подоцна гостуваме во Ереван против Ерменија. Селекторот на репрезентацијата, Драги Канатларовски се соочува со низа проблеми поради неиграњето на неколку стандардни првотимци. Метју Божиновски и Стефан Чолаковски поради административни Ковид-19 протоколи и ограничувања не беа во можност да допатуваат од Австралија. Поради повреда отпаднаа Агон Елези и Енис Фазлагиќ. Селекторот Канатларовски прати дополнителен повик за Иван Николов од Вардар и Димитар Тодоровски од Работнички. Двајцата веќе се приклучија на…
Македонскиот репрезентативец, Енис Барди поради повреда нема да може да се стави на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Лихтенштајн (8. октомври) и Германија (11. октомври) од квалификациите за Светското првенство 2022. Фудбалерот на шпански Леванте се уште не е залечен од повредата (заден бутен мускул) здобиена на последниот репрезентативен натпревар против Романија на Националната арена. Селекторот Благоја Милевски нема да повикува друг фудбалер како замена за повредениот Барди. Македонската репрезентација синоќа во хотел „Хилтон“ во Скопје го имаше првиот собир. Во репрезентативната база пристигаа Адис Јаховиќ, Стефан Ашковски, Висар Муслиу, Тихомир Костадинов, Дени Илиев,…
Некогашните ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ се простија од репрезентацијата на Србија. Тоа го потврдил лично селекторот на српската селекција, Брегар. „Имав разговор со Андреа Лекиќ и таа рече дека повеќе нема да игра за националниот тим, се прости и Драгана Цвијиќ. Како што е веќе познато, Катарина Крпеш-Елезак се прости поради семејството и ритамот на играње во Лигата на шампионите“, изјавил Брегар.
Новото засилување на Реал Мадрид, младиот Едуардо Камавинга е уште едно од имињата во тимот кој мора да паузира откако доби повреда на левата нога на пресметката со Еспањол вчера. Камавинга, кој доби повик за настап и во селекцијата на Франција, ќе отпатува во кампот на француската репрезентација, каде ќе ги мине медицинските прегледи, а потоа ќе се донесе одлука дали ќе се врати во Мадрид или ќе остане со репрезентативниот тим на „петлите“. Ова е уште една лоша вест за Карло Анчелоти, бидејќи листата на повредени и натаму расте. Во неа веќе се Едуардо Менди, Марсело, Дани Карвахал, Иско,…
