Author: saso

Двајца играчи на Тотенхем се позитивни на тестовите за коронавирус, пишува „Дејли Меил“. Имињата на играчите не се објавени, но се знае дека тренирале со своите соиграчи во четвртокот. Во петокот, кога се прават тестовите пред следното коло во Премиер лигата, двајцата играчи имале позитивни тестови. Тие веднаш се ставени под задолжителен 10-дневен карантин. Во недела, Тотенхем гостува кај Њукасл во натпревар од 8. коло на Премиер лигата.

Read More

Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Филип Костиќ е трансфер цел на Њукасл, објави германски „Билд“. По неуспешниот трансфер во Лацио летово, офанзивниот фудбалер остана во Франкфурт, каде повторно има одлични игри, па англискиот клуб кој има новибогати сопственици во него гледа на едно рационално засилување оваа зима. Новото раководство на Њукасл сака целосно да го промени тимот, па сега се во потрага по нови засилувања. Доколку „страчките“ одлучат да испратат официјална понуда за српскиот репрезентативец, Ајнтрахт тешко дека ќе може да одолее финансиски.

Read More
NBA

Крилото на Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон ќе го пропушти почетокот на сезоната во НБА лигата поради повреда на стапалото, за која исто така беше потребна операција за време на предсезоната. Дејвид Грифин, потпретседател на „Пеликанс“, вели дека лекарите се охрабрени од начинот на кој коската закрепнува, но сепак, нема точен датум кога Вилијамсон ќе се врати на терените. Првите претпоставки се дека тоа ќе се случи за две и пол недели, кога Зајон повторно ќе биде прегледан. „Целта на сите нас е Зајон да се врати на теренот што е можно побезбедно. Тој сигурно нема да биде на теренот…

Read More

АЕК Ларнака утрово и официјално го потврди новиот договор со екс-македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски. Искусниот напаѓач ќе остане уште две години во дресот на АЕК, откако е постигнат договор за нова соработка до летото 2024 година. Капитенот на АЕК Ларнака дојде во клубот во јануари 2016 година и во неговите досегашни настапи постигна вкупно 119 голови за тимот, што го прави еден од најуспешните голгетери во историјата на клубот, но и кај кипарските тимови во европските натпреварувања.

Read More

Кенијката Агнес Тироп, која беше четвртопласирана на Олимписките игри во Токио, била убиена од нејзиниот сопруг Емануел Ротич, откри кениската полиција. Два дена откако атлетскиот свет беше шокиран од информацијата за убиството на Агнес Тироп (25), нејзиниот сопруг Емануел Ротич бил уапсен од кениската полиција. Агнес беше пронајдена мртва со рани на вратот и стомакот во тренинг центарот на западот од земјата, а нејзиниот сопруг побегнал од местото на злосторството. „Тој е во притвор, го фативме како се обидува да избега. По истрагата ќе поднесеме обвинение“, соопштија од полицијата.

Read More

Дефанзивецот на Челзи, Сезар Азпиликуета може да се пресели во Барселона. Според извори до каталонскиот клуб, се очекува Барса да го донесе дефанзивецот следното лето, кога тој може да стане слободен играч. Покрај тоа, Барселона е заинтересирана за уште еден дефанзивец на лондончани, Андреас Кристенсен. Во септември беше објавено дека Челзи планира да го продолжи договорот со Азпиликуета. Клубот е подготвен да му понуди договор на шпанскиот фудбалер до 2023 година со можност за дополнително продолжување за уште една сезона.

Read More

Интер планира да ги обнови договорите со тројца свои фудбалери: Николо Барела, Милан Шкрињар и Марсело Брозовиќ. Веќе е подготвен договор за Барела кој ќе има важност до 2026 година, а наскоро ќе започнат и преговори за договор со Шкрињар. Покрај тоа, клубот напредуваше во преговорите со Брозовиќ за нов договор до 2025 година. Претходно беше објавено дека Барела стана трансфер цел на ПСЖ. Францускиот тим не е подготвен да започне преговори со фудбалерот без одобрување од Интер, па ќе чека дозвола во летниот трансфер период.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година славеше со 2:1 на квалификацискиот меч против Ерменија во Ереван во рамките на квалификациите за ЕП 2023. Момците на Драги Канатларовски ја остварија првата победа во квалификациите и ги освоија првите три бода. Марко Ѓоргиевски и Методи Максимов беа стрелци на головите за нашата селекција, која водеше на полувреме со 1:0, а во 84. минута веќе беше и 2:0. Ерменците во 90. минута постигнаа почесен погодок. Македонија дојде до 5 освоени бода и пласман на 3. место во групата.

Read More

Вечерва (20.45 часот) Македонија ја пречекува Германија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во меч од 8. квалификациско коло за пласман на СП 2022. Ова е втор меч на овие две селекции во групата, откако на 31 март во Дуизбург успеавме да ги изненадиме и победиме со 2:1. Оттогаш многу нешта се променија. И Македонија и Германија имаат нови селектори, а Германците нанижаа 4 победи во серија. Една од ѕвездите во редовите на германската селекција, Серж Гнабри е најдобар стрелец во квалификациите кај „панцирите“ и најавува дека дојдени се во Скопје со една цел, победа. Македонија ќе се обиде…

Read More

Околу 500 навивачи на германската репрезентација ќе има денеска на Националната арена во Скопје. Германците претходно најавија дека и 2000 навивачи треба да допатуваат во нашата земја, но поради Ковид Ситуацијата бојката е сведена на околу 500 гости кои ќе бидат сместени на Источната трибина. Комплетниот капацитет на Арената кој за овој меч според протоколите е 50% од местата на трибините е распродаден. Не очекува добар меч и жестоко навивање.

Read More