Кенијката Агнес Тироп, која беше четвртопласирана на Олимписките игри во Токио, била убиена од нејзиниот сопруг Емануел Ротич, откри кениската полиција.
Два дена откако атлетскиот свет беше шокиран од информацијата за убиството на Агнес Тироп (25), нејзиниот сопруг Емануел Ротич бил уапсен од кениската полиција.
Агнес беше пронајдена мртва со рани на вратот и стомакот во тренинг центарот на западот од земјата, а нејзиниот сопруг побегнал од местото на злосторството.
„Тој е во притвор, го фативме како се обидува да избега. По истрагата ќе поднесеме обвинение“, соопштија од полицијата.