Олимпискиот оган за Зимските игри во 2022 година, што ќе се одржат во Пекинг, стигна од Атина во кинеската престолнина. Авионот со делегацијата на организацискиот комитет на Олимпијадата утрово слета на меѓународниот аеродром во Пекинг.
Факелот запален во понеделникот во античка Олимпија, вчера им беше предаден на организаторите. 24 -те Зимски олимписки игри ќе се одржат во Пекинг од 4 до 20 февруари 2022 година, а Параолимписките игри се од 4 до 13 март.