Вечерва во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра уште едно големо дерби на македонската кошаркарска сцена. На едната страна од теренот ќе се појави бранителот на титулата, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, а на другата, вечниот опонент – Работнички. По вкупно 157. пат во историјата ќе треба да одлучат, која од нив е подобрата во овој момент. Историјата вели дека Работнички има 91, а МЗТ Скопје Аеродром 65 победи во овие пресметки.
Author: saso
Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Благоја Милевски, денеска и официјално го објави списокот на повикани фудбалери за последните две средби од квалификациите за СП 2022 против Ерменија (11.11.) и Исланд (14.11.). Милевски главно ќе се потпре на проверени сили, а единственото име е Валон Етеми, фудбалерот на турскиот второлигаш Истанбулспор. „Валон е селектиран уште во У21. Игра во одлична форма и од него зависи дали и колку ќе се наметне. Опција е за нас, а на него е да се наметне. Турската втора лига е силна и мислам дека тој заслужи повик во репрезентацијата“, вели Милевски. За престојните дуели напомена…
Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс го критикуваше играчот од средниот ред Пол Погба по мечот од Лигата на шампионите против Аталанта (2-2). „Погба треба постојано да се следи и тоа од некој, кого тој целосно го почитува, некој искусен. Колку години има тој? 28? Иако е искусен фудбалер, тој е еден од оние кои ќе останат исти и на 35 години. Тој ќе продолжи да прави глупави работи“, вели Сколс.
Катарски Ал Сад одби да направи отстапки во преговорите со Барселона за тренерот на катарскиот клуб, Чави. Според весникот АС, „блауграна“ ќе мора да плати казна од 1 милион евра за превремениот раскин на договорот на Чави, но сега катарскиот клуб побара официјална понуда лично од претседателот на Барселона, Жоан Лапорта за да ги отворат преговорите за Шпанецот. Незадоволството беше предизвикано од тоа што Лапорта претходно одби да ја посети Доха. Во главниот град на Катар ќе замине потпретседателот на клубот Рафа Јусте и спортскиот директор Матеу Алемани. Актуелниот договор меѓу Чави и Ал Сад е до 2023 година.
Според „TodoFichaje“, Реал Мадрид веќе започнал разговори со агентот на Винисиус Жуниор за обновување на договорот. Бразилецот експлодира оваа сезона и дефинитивно е голема надеж заедно со Бензема на нападот. „Кралевите“ потпишаа со „кариоката“ во 2017 година, кога тој имаше само 16 години и со текот на сезоните успеа да заземе важно место во тимот. Винисиус моментално има еден од најголемите договори во тимот.
Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа Далас со 125:110 со еден од најинтересните натпревари синоќа во НБА лигата. Ова беше прв пораз за Далас на домашен терен оваа сезона. На домаќините не им помогна ниту овогодинешниот шутерски рекорд на Дончиќ, откако мечот го заврши со 33 поени. Кај Далас синоќа потфрли резервната клупа, која постигна само 19 поени. Хиро со 25 и Батлер со 23 поени го предводеа Мајами до шестата победа од почетокот на сезоната. Предводени од Леброн Џејмс, ЛА Лејкерс победија дома со Хјустон тесно со 119:117. Џејмс постигна 30 поени со 10 асистенции. НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит -…
Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман е импресиониран од центарфорот Роберт Левандовски, кој синоќа постигна хет-трик на мечот со Бенфика во ЛШ. Полјакот со тоа стигна до бројката од 80 гола во ЛШ. „Не треба да го сведуваме мечот само на неговите голови, но вистината е дека тој ја демонстрираше својата сила и квалитет на теренот. Тој секогаш сака да постигнува голови и немам дилеми дека е најдобриот напаѓач на светот и ќе биде уште долго време“, изјави Нагелсман.
По осумте одиграни вчерашни натпревари во Лигата на шампионите, веќе станаа познати и првите две екипи кои и математички обезбедија пласман во нокаут-рундата во шампионите. Баерн успеа да ја победи Бенфика со 5-2 и со оваа победа акумулираше 12 бода во групата „Е“, успевајќи да се пласира во следната фаза. Од друга страна, и Јувентус обезбеди место меѓу екипите во елиминациската рунда, по победата од 4-2 против Зенит. „Бјанконерите“ ја предводат групата „Х“ со 12 бода.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, изјави дека се чувствува среќен од неговиот настап и ремито 2-2 на гостувањето кај Аталанта во рамките на Лигата на шампионите. Во своето интервју по натпреварот, португалската ѕвезда рече дека синоќа имале тешка битка против Аталанта, но дека „црвените ѓаволи“ никогаш не изгубиле надеж дека ќе обезбедат поволен резултат. „Тоа беше тежок натпревар. Кога се игра во Бергамо против Аталанта, секогаш е тешко. Но, ние верувавме до крај и среќен сум што му помогнав на мојот тим да освои бод“, изјави Роналдо.
Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го објавува списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година. Со оглед на времето до првите квалификациски обврски, односно првиот натпревар од квалификациите за СК, закажан за 26.ноември во Скопје, кога ja пречекуваме репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за еден проширок список од 18. кошаркари. До првиот собир, кој е предвиден да биде на 20. ноември, во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје, Бајиќ и стручниот тим ќе ја следат формата на сите репрезентативни кандидати, по што ќе биде…
