Стивен Џерард денеска би можел да биде потврден како нов менаџер на Астон Вила. Специјалистот вчера со воз допатувал во Лондон за да го финализира трансферот на „Вила Парк“, пренесува Сан. Поранешниот капитен на Ливерпул блескаво ја започна својата тренерска кариера на кормилото на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс, водејќи го клубот до титулата минатата сезона. Сега тој е треба да го направи следниот чекор и да се врати во Премиер лигата, преземајќи ја Астон Вила, каде пред извесно време беше разрешен Дин Смит. Џерард ќе добие огромен фонд на средства за јануарскиот преоден рок. Сопствениците на Вила, Насеф Савирис и…
Author: saso
Од денеска до сабота, Скопје и Македонија се домаќини и организатори на 50. Јубилејно издание на „Златниот Гонг 2021“. Оваа година на престижната боксерска манифестација ќе учествуваат боксери од 14 земји, вклучувајќи ја и Македонија. Во повеќе тежонски категории на турнирот ќе настапат над 60 боксери. Македонија ќе ја преставуваат седум боксери и тоа: Ардијан Џемаили (54 кг), Оран јашаровски (57 кг), Јасин Љама (60 кг), Дион Лена (63,5 кг), Ферид Хоџа (71 кг), Лео Јовановски (75 кг) и Арсим Етеми 80 кг. Натпреварите ќе се одржуваат во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“.
Работнички го именуваше Борче Христов за нов шеф на стручниот штаб. Тој потпиша договор до јануари 2023 година и го одржа првиот тренинг со тимот. „Му посакуваме топло добредојде на Борче Христов на тренерската функција. Веруваме дека со неговото долгогодишно искуство ќе воведе новитети во работата со тимот и Работнички ќе се движи во позитивна насока. Сите заедно сме ќе бидеме во функција на светла иднина на клубот“, изјави спортскиот директор Горан Станковски. Борче Христов ветува напорна работа и се надева дека многу брзо тимот ќе почне да функционира според неговите замисли. „Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството…
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, подготви трансфер листа за зимска селекција на „волчицата“. Португалецот инсистира да се купат 3-4 нови засилувања во тимот, вклучувајќи го и играчот од средниот ред на Челзи, Рубен Лофтус-Чик, како и Хари Винкс од Тотенхем. Покрај овие двајца, Мурињо го сака и играчот од средниот ред на Борусија Менхенгладбах, Денис Закарија, како и уште еден напаѓач.
Лоши вести за нашиот женски кошаркарски национален тим непосредно пред тргнувањето за Германија, каде утре вечер, во Хале, следува првиот натпревар од квалификациите за пласман на Евробаскетот кој во 2023 година ќе се одржи во Словенија и Израел. Стручниот штаб, предводен од селекторот Александар Ашаданов нема да може да сметаат на услугите на Девана Бонер. Бонер, која е еден од нашите најголеми адути во квалификацискиот циклус, се пожали на болки во пределот на рбетниот столб. По деталните лекарски прегледи, и ренгентските снимки, лекарскиот тим на нашата селекција процени дека во овој момент натурализираната Американка не може да одговори на барањата…
Никола Јокиќ доби суспензија од само еден натпревар поради инцидентот со Маркиф Морис во последниот настап за Денвер во НБА лигата. Маркиф Морис, кој направи намерен фаул врз Никола Јокиќ, по што Србинот со еден удар го фрли на земја, ќе добие само парична казна. Србинот нема да може да игра само на следниот натпревар за својата екипа против Индијана кој е на програмата вечерва. Морис очекувано помина само со парична казна од 50.000 долари.
Во моментов вториот тенисер во светот Данил Медведев навести дека ќе игра на Австралија опен на почетокот на следната година. Шпекулациите за настапот на Новак Ѓоковиќ се уште траат. Медведев, кој беше поразен од Ѓоковиќ во минатогодишното финале во февруари, на Твитер објави слика токму од тоа финале со зборовите: Се гледаме во јануари. Медведев уште во октомври одби да открие дали ќе игра во Мелбурн, каде властите поставија строги критериуми за влез во земјата на невакцинираните тенисери. Русинот тогаш тврдеше дека е негова приватна работа дали е вакциниран или не.
Првите луѓе на ПСЖ подготвуваат одмазда за обидите на Реал Мадрид да го одведат Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“. Парижани како одговор на овој потег на „кралскиот клуб“ ќе се обидат да го договорат голгетерот на мадриѓани, Карим Бензема, тврди „Ел Национал“. Изданието додава дека Французинот е фаворит за заминување од шпанската престолнина, доколку ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд пристигне во Реал. Бензема е во животна форма, а за првпат во кариерата е сериозен кандидат за освојување на „Златната топка“. Актуелниот договор на Французинот е до 2023 година.
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, изрази незадоволство што Лео Меси и Леандро Паредес добиле повик од репрезентацијата на Аргентина, иако се уште не се опоравени од повредите. Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони има намера да ги искористи на двајцата за престојните одлучувачки средби на „гаучосите“ во квалификациите за СП против Уругвај и Бразил. 34-годишниот Меси ги пропушти последните два меча на парижаните против РБ Лајпциг и Бордо поради болки во коленото. Тој му се приклучи на националниот тим и тренираше со останатите, а медицинскиот штаб на Аргентина е оптимист дека играчот ќе биде подготвен за двата меча.
Назначувањето на Чави Ернандез за тренер на Барселона ја врати желбата на голем број поранешни играчи да се вратат во редовите на каталонскиот гигант. Меѓу нив е и поранешниот дефанзивец на тимот Даниел Алвеш, кој моментално е без тим откако го напушти бразилскиот Сао Паоло поради долгови уште во септември. Веќе се започнати преговорите меѓу 38-годишниот Алвеш и раководството на Барселона, тврди новинарот Николо Шира. Се очекува во наредните денови да има средба меѓу Алвеш и шефовите на Барселона, кои би можеле да го искористат Алавеш како искуство плус во тимот до крајот на сезоната.
