Поранешната светска тенисерка бр.1, Шпанката Гарбиние Мугуруза стана победничка на завршниот ВТА турнир во Гвадалахара. Во финалето, таа утринава ја победи Анет Контавеит со 6:3, 7:5. Мугуруза ја освои третата титула сезонава и десетта во кариерата. Таа за првпат победи во финалето на сезоната и стана првата шпанска шампионка на ВТА Тур финалниот турнир.
Author: saso
По синоќешните квалификациски дуели, станаа познати четири од шетсте можни ривали на македонската фудбалска репрезентација за бараж-натпреварите за пласман на СП 2022 во Катар во март следната година. Португалија, Шкотска, Италија и Русија се сигурни носители на ждрепката која ќе се одржи на 26 ноември и на која Македонија сигурно ќе биде во групата на неносители. Денеска ќе ги добиеме и последните два можни ривали во бараж-пресметките, откако ќе се одиграат и последните седум меча кои се во распоредот на евро-квалификациите. Математиките велат дека најблизу да бидат во групата на шест носители се Швеѓаните, но тие како и Полска ќе…
Јувентус е главен кандидат за потписот на играчот од средниот ред на Борусија Менхенгладбах, Денис Закарија. Раководството на „Старата дама“ успеа да ја претекне Рома во битката за фудбалерот, објави новинарот Николо Шира. Римскиот клуб пред еден месец разговараше за условите за долгорочен договор со агентот на играчот од средниот ред, но самиот Закарија најавил дека би сакал да заигра во Јувентус. Останува договорот да биде потврден оваа зима.
Мегаѕвездата на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси ќе биде стартер за „гаучосите“ на пресметката со Бразил во јужноамериканските квалификации за пласман на СП 2022. Натпреварот ќе се одигра вечерва во Сан Хуан, а Меси ќе биде во тимот со капитенската лента, откако комплетно се опоравил од повредата. Фудбалерот на ПСЖ одигра само 15 минути како замена во победата од 1-0 над Уругвај.
Фудбалерот од средниот ред на екипата на Барселона, Филипе Кутињо не планира да ја напушти екипата во зимскиот преоден рок. Каталонскиот клуб сака да го продаде или изнајми Бразилецот, но не може да најде нов тим за него. Поранешниот тренер на Браселона, Роналд Куман му даде шанса на 29-годишниот играч од средниот ред, но тој не успеа да се наметне во Барса оваа сезона. Чави, кој неодамна го презеде тимот, планира да разговара со Кутињо пред да одлучи за неговата иднина во Барселона. И покрај тоа, самиот играч не сака да замине во јануари. Решен е да ја заврши сезоната,…
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска против моќната селекција на Франција ќе го одигра мечот од 6. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 во Романија и Грузија. Дуелот ќе се одигра на Националната Арена во Скопје со почеток од 18.30 часот. Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски со нетрпение го очекува денешниот натпревар и вели дека сите негови фудбалери се максимално подготвени и со нетрпение го очекуваат утрешниот мечот против триколорите. „Франција е апсолутен фаворит во оваа група, силна репрезентација која располага со голем фонд на играчи кои имаат голем потенцијал и настапуваат…
На две кола пред крајот на циклусот квалификации за пласман на Мундијалот во Катар следната година, Македонија денеска гостува во Ереван каде против селекцијата на Ерменија ќе се обидеме да ги задржиме шансите за пласман на второто место во групата кое води во баражот. Иако Романците се во пол-позиција, ние не ги губиме надежите и со една добра партија попладнево во Ереван, се останува во игра. Избраниците на Благоја Милевски денеска ќе бидат без неколку стандардни првотимци како Аријан Адеми и „пожолтениот“ Стефан Ристовски, но и без нив ќе се обидеме да дојдеме до добар резултат. Теренот во Ереван секогаш…
Младата фудбалска репрезентација на Македонија денеска од 13 часот на теренот на ФФМ ја пречекува Украина во ново коло од циклусот квалификации за ЕП 2023. Избраниците на селекторот Драган Канатларовски ќе се обидат на домашен терен да ја остварат втората победа во квалификациите, по онаа над Ерменија во минатото коло. Македонија го почна циклусот со две ремија со Србија и Фраските Острови и пораз против големиот фаворит во групата, Франција. Оваа генерација, сепак, ветува дека има капацитет и за подобри резултати, само тоа треба да се потврди и на теренот. Канатларовски и неговите момци и пред мечот најавија борба цели…
Колумбискиот напаѓач од екипата на Рајо Ваљекано, Радамел Фалкао, е блиску до продолжување на договорот со клубот. Според изворот, во наредните денови колумбискиот напаѓач ќе склучи нов договор со важност до 2023 година. Актуелниот договор на фудбалерот завршува на крајот на сезоната. Колумбиецот се пресели во Рајо Ваљекано во септември како слободен фудбалер.
Деклан Рајс поради болест отпадна од составот на англиската репрезентација пред квалификациискте мечеви за Светското првенство против Албанија и Сан Марино. „Деклан Рајс се врати во нашиот клуб поради болест. Тој ќе се опоравува до првенствениот натпревар против Вулверхемптон“, соопштија од Вест Хем. Селекторот на Англија, Герет Саутгејт нема да вклучи нов играч во тимот.
