Раководството на Манчестер Јунајтед стапило во контакт со менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, објавија уште утрово медиумите на Островот. Стратегот важи за еден од фаворитите за наследник на Оле Гунар Солскјер, кој вчера доби отказ по саботниот пораз од Ватфорд со 4:1. Според британските медиуми, Јунајтед е подготвен да му плати отштета од 8 милиони фунти на Лестер за да го ангажира поранешниот менаџер на Ливерпул. Дополнително, „црвените ѓаволи“ ќе му платат „пенали“ од 7,5 милиони фунти на отпуштениот Солскјер. Покрај Роџерс, втор кандидат со кој управата на Манчестер Ј. преговара е Маурисио Покетино од ПСЖ.
Author: saso
Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска во Скопје го има првиот собир во рамките на ЕХФ неделата. Селекторот Љубомир Савевски минатата недела го објави списокот на повикани ракометарки за претстојниот собир во чии рамки ќе одиграме два контролни пријателски натпревари против репрезентацијата на Србија во Стара Пазова, Србија. Натпреварите се закажани за 27.11.2021 (сабота) и 29.11.2021 (понеделник).
Артур Мело не успеа да се вклопи во италијанското првенство и се очекува да го напушти Јувентус во јануарскиот преоден рок. Според информациите, тој сака да се врати во Ла Лига, каде повеќе му одговара стилот на игра. Бразилскиот играч за врска не е дел од плановите на Алегри и веќе разговарал со својот агент да му бара клуб во Шпанија, каде би продолжил со кариерата. Се зборува дека за него е заинтересирана Севиља, бидејќи Хулен Лопетеги има симпатии кон него. Јувентус го проценува на околу 35 милиони евра, сума која Севиља сигурно нема намера да ја плати за Артур…
Четирикратниот шампион во Формула 1 и неизвршен претседател на тимот Алпин, Ален Прост, го издвои талентот на Фернандо Алонсо, кој вчера се искачи на подиумот на трката за Големата награда на Катар. „Од моја гледна точка, тој е најдобриот пилот кој се натпреварува во моментов во Формула 1. Начинот на кој ја гледа трката, ги чувствува гумите, дава фидбек е нешто неверојатно“, изјави Прост. Благодарение на успехот на Алонсо и петтото место на Естебан Окон, Алпин веќе успеа да му побегне на Алфа Таури во генералниот пласман и се надева на уште подобра сезона 2022.
Данил Медведев и Андреј Рубљев ја завршија тениската сезона 2021 во Топ 5 на рангирањето АТП. Медведев годината ја заврши како втор рекет во светот, а Рублев – петти. По вторпат во историјата двајца играчи од Русија завршија во Топ 5. Првпат такво нештос е случи на крајот на 2000 година, кога Марат Сафин беше втор, а Евгениј Кафелников петти.
Македонската кошаркарска репрезентација синоќа го имаше првиот собир пред почетокот на подготовките за ноемврискиот прозорец од квалификациите за СП 2023 година. Раководството на федерацијата, предводено од претседателот Перо Антиќ, имаше заедничка вечера во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје со повиканите кошаркари вос писокот на селекторот Бајиќ. Денеска со првиот утрински тренинг стартуваат мини-подготовките пред почетокот на светските квалификации. Согласно со планот на подготовките, нашите најдобри кошаркари ќе работат во два дневни термини. Утринските тренинзи се предвидени од 10, а вечерните од 18 часот, во салата на СЦ „Јане Сандански“. Во првиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Светскиот Куп…
Руски Зенит планира да го задржи напаѓачот Сердар Азмун и покрај најавите за негово заминување на крајот на сезоната. Азмун ќе стане слободен агент на 30 јуни 2022 година, ако не успее да се договори за нова соработка со тимот од Ст. Петерсбург. „Од страната на Зенит постои таква желба. Зенит планира да ги продолжи преговорите за нов договор во декември“, изјавил извор од клубот. 26-годишниот ирански репрезентативец е на мета на неколку француски и италијански тимови.
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на трката за Големата награда на Катар.Светскиот шампион заврши пред Макс Верстапен и сега разликата во генералниот пласман е само 8 бода. На подиумот денеска се искачи и поранешниот шампион Фернандо Алонсо. Тоа е него е прв подиум оваа година и прв од 2014 година. Хамилтон добро ја започна трката, безбедно поведе тргнувајќи од пол-позицијата, додека Макс Верстапен веднаш успеа да ја надополни загубата по казната од пет места која ја доби пред самата трка денеска.
Селекторот на машка сениорска кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, го скрати списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година. Пред првиот натпревар од квалификациите закажан за 26. ноември во Скопје, кога ја пречекуваме репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за список од 15 кошаркари. Првиот собир на нашиот сениорски национален тима е предвиден да биде вечерва, во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје. СПИСОК НА ИГРАЧИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА Бојан Крстевски силно крило 206 1989 МЗТ Скопје Аеродром Кристијан Николов бек 187 1996 МЗТ Скопје Аеродром Дамјан…
Манчестер Јунајтед и официјално му врачи отказ на менаџерот Оле Гунар Солскјер, потврдија од клубот. Притисокот врз Норвежанецот беше голем од почетокот на сезоната по разочарувачките резултати и логично доведе до негово заминување. „Црвените ѓаволи“ претрпеа големи порази од Ливерпул со 0:5 и Манчестер Сити со 0:2 на „Олд Трафорд“. Последната капка трпение падна по саботниот пораз од Ватфорд со 4-1. 48-годишниот Норвежанец го презеде тимот, привремено, по отказот на Жозе Мурино во декември 2018 година. Поради добрите резултати, сепак, доби постојан договор. Манчестер Јунајтед објави дека помошниот тренер Мајкл Керик ќе го предводи тимот додека клубот не назначи менаџер…
