Барселона дефинитивно сака да доведе напаѓачот на Манчестер Ј. Едисон Кавани уште во јануари. Кавани сигурно ќе си замине од Јунајтед на крајот на сезоната, па Барселона сака да го искористи тоа за во јануари да го засили нападот. Според весникот „Сан“ Барселона ќе му предложи на Манчестер Јунајтед да направат размена на фудбалери, па за Кавани би го испратила Кутињо на „Олд Трафорд“.
Author: saso
Аталанта се договорила со играчот од средниот ред на Сасуоло, Жереми Бога, и останува само формалност до потпишувањето на договорот. Според информациите, договорот со 24-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска ќе биде со важност до 2026 година. Аталанта сега преговара за трансферот со Сасуоло, но објавено е дека Бога ќе биде продаден за 20 милиони евра, сума која Аталанта е подготвена да ја плати за него.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го пофали Бернардо Силва за својот настап сезонава, особено по фантастичниот гол со кој им ја обезбеди победата на „граѓаните“ на вчерашното гостување кај Астон Вила. “Тој е најдобар. Тој е најдобар дури и во два-три изминати сезони“, изјави Гвардиола и додаде: „Тој има посебна способност да прави што сака, а сака да се забавува со топката. Вечерва ова беше навистина прекрасен гол против многу добар голман“.
Олимписките шампиони Илејн Томпсон-Хера од Јамајка и Карстен Ворхолм од Норвешка се прогласени за атлетичари на годината на Светските атлетски награди за 2021 година, церемонија која се одржа денеска. Томпсон-Хера ја имаше една од најдобрите спринтерски сезони во историјата, задржувајќи ги олимписките титули на 100 и 200 метри во Токио, а додаде трет златен медал во штафетата 4×100 метри. На врвот на нејзината олимписка „тројка“, таа забележа и најдобри светски времиња на трките на 100 и 200 метри од 10,54 и 21,53 секунди. Ворхолм го имаше еден од највпечатливите настапи во историјата на атлетиката кога го освои златото на 400…
Шпанскиот стратегна кормилото на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, синоќа постигна нов рекорд во Премиер лигата. Со победата на гостувањето кај Астон Вила од 2:1, Пеп ја оствари 150-тата победа како тренер во англиската фудбалска елита. Тој синоќа стана тренер, кој најбрзо успеал да дојде до 150 победи во Премиер лигата, а за тоа му требаа само 204 натпревари. Жозе Мурињо имаше 150 победи по 230 натпревари, додека Алекс Фергусон оваа бројка победи ја направи по 247 натпревари.
По поразот во четвртфиналето на хрватскиот фудбалски куп против Ријека, тренерот Дамир Крзнар поднесе оставка на местото тренер на првиот тим на Динамо Загреб. Клубот објави дека навремено ќе ја информира јавноста за понатамошните потези. Тие му се заблагодарија на Крзнар за успесите што ги постигна првиот тим во неговиот мандат, за фантастичната победа против Тотенхем, за историското четвртфинале во Лига Европа и освојувањето на двојната круна во сезоната 2020/21. Ристовски и Адеми наскоро ќе го дознаат новиот тренер на тимот.
Енис Барди повторно чека нов тренер. Леванте синоќа одлучи му врачи отказ на досегашниот тренер на тимот, Хавиер Переира. Переира беше донесен само пред месец и половина на местото на Пако Лопез по разочарувачкиот почеток на сезоната. Тој не успеа да извојува ниту една победа во седум обиди, па во понеделникот вечерта беше одлучено да биде прекината соработката со него. Леванте е без победа во 23 натпревари во оваа и минатата сезона, и се наоѓа на дното на табелата во Ла Лига. Засега тренерот на вториот тим на Леванте, Алесио Лиси ќе ги преземе работите во првиот тим.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва од 20:45 ќе го одиграат и петтиот меч во тековната сезина од ЕХФ Европската лига. Тие се гости во Лисабон против Спортинг. По двете последователни победи, битолани се надеваат на продолжение на добрата серија. Со амбиции да им се реваншираат за оние порази од пред две години, „зелено-белите“ заминаа со оптимизам на ова гостување. „Победивме против АЕК и Татабања, но би го спомнал и многу важниот бод од Швајцарија, кaде игравме лошо прво полувреме и на крајот успеавме да се вратиме со еден бод. Сега тој бод е многу важен. Ниту еден натпревар не се…
Шпанскиот голман Кепа и понатаму е прва опција на Маурицио Сари за засилување на голманската позиција во екипата на Лацио оваа зима. Италијанскиот тренер сака повторно да работи со Баскиецот, но овој пат во Рим. Шпанскиот репрезентативец не навлегува во плановите на Тухел и неговото заминување се чини дека е најдоброто решение за сите страни. Од Лондон знаат дека тешко ќе ги повратат вложените 80 милиони евра за голманот, па би го испратиле на позајмица во Лацио, но само доколку римјаните ја плаќаат 100% неговата плата. Тоа сега е главен проблем за Лацио, како и вишокот на играчи на голманските…
Тимо Вернер се повеќе се одалечува од Челзи. Настапите на Германецот од моментот кога го напушти Лајпциг за да се пресели на „Стемфорд Бриџ“ се под очекувањата и во моментите тој е се подалеку од првиот тим, иако Тухел се обидува да му даде доволни шанси. Последниот предизвик против Манчестер Јунајтед во првенството, за Вернер повторно беше разочарување, откако доби 3-4 шанси во текот на мечот, но не успеа да реализира ниту една. Вернер во моментов е интересен за Барселона, која има намера да го земе на позајмица во јануарскиот преоден рок во кој Челзи можеби нема да размисли двапати за…
