Иако се поврзува со враќање во Баерн Минхен, Иван Перишиќ вели дека нема намера да се врати во германскиот шампион. Хрватското крило има поголема минутажа во Интер и засега не размислува за заминување. Според Фабрицио Романо, Перишиќ не е заинтересиран за враќање во Баерн и засега ќе чека од Интер да му понудат нов договор. Неговиот договор со Интер истекува на крајот од оваа сезона и не се знае дали Интер ќе му понуди нов.
Author: saso
Швајцарката Лара Гут Бехрами е победничка на Супер-Џи трката која утрово се возеше во Сент Мориц, Швајцарија. Гут Бехрами победи со време 1:19.82, додека втора заврши Италијанка Софија Гоџа со 18 стотинки заостанување (1:12:00). Третото место го зазеде Американката Микаела Шифрин со време 1:21.00 минути. Во генералниот пласман Шифрин е прва со 465 бодови, а Гоџа е втора со 395 бодови.
Натпреварот меѓу Тотенхем и Рен во Конференциската лига, кој оваа недела беше откажан поради бројни случаи на коронавирус во редовите на англискиот тим, воопшто нема да се одигра, соопшти УЕФА. Од УЕФА објаснија дека се обиделе да најдат нов датум за дуелот во Лондон за комплетирање на групната фаза, но таков нема. „За жал, без разлика на трудот, не успеавме да најдеме решение кое би им одговарало на двата клуба. Следствено, натпреварот нема да се одигра и случајот ќе биде префрлен на комисијата за етика и дисциплинска комисија која ќе донесе одлука согласно прописите на натпреварувањето“, велат од УЕФА.
Екипата на Манчестер Јунајтед е еден од четирите премиерлигашки клубови заинтересирани за услугите на Жоао Феликс. Португалскиот напаѓач пристигна на „Ванда Метрополитано“ за сума од 126 милиони евра од Бенфика во 2019 година. Сепак, оттогаш тој се мачи да ги покаже своите вистински квалитети. Според „АС“, Атлетико е подготвен да се откаже од 22-годишниот фудбалер, бидејќи тој не се вклопува добро во системот на Диего Симеоне. „Кадена Сер“ објави дека Манчестер Јунајтед е еден од четирите тимови заинтересирани за него. Ралф Рангник наводно фасциниран од потенцијалот на Феликс, чии настапи во Бенфика му ја донесоа престижната европска награда „Златно момче“…
Бараж натпреварот за пласман на СП 2022 меѓу Италија и Македонија ќе се игра или во Палермо на стадионот „Ренцо Барбера“ или на стадионот „Ренадо Дал Ара“ во Болоња. Овие два града се во трка за организатори на мартовското бараж-полуфинале за настап на Мундијалот во Катар, објавија италијанските медиуми. Италијансата федерација денеска треба да ја донесе конечната одлука за градот домаќин на мечот. Според Италијанците, фаворит е Пелермо, кој досега 15 пати бил домаќин на натпреварите на „аѕурите“. На стадионот во Сицилија, Италија има скор од 13 победи, едно реми и еден пораз.
Младиот репрезентативец на Македонија во селекцијата до 19 години, Јасин Муше е пред трансфер во грчки Ксанти. Муше годинава го носи дресот на Осогово, но на коло пред крајот на есенскиот дел од сезоната замина на проба во грчкиот клуб со кого се очекува да потпише договор во зимскиот трансфер период. Младиот и талентиран напаѓач доколку се договори со грчкиот второлигаш ќе му стане соиграч на Бесарт Ибраими кој од почетокот на сезоната е член на Ксанти.
Реал Мадрид се уште не знае со сигурност дали Карим Бенземан ќе биде на располагање за натпреварот против Атлетико Мадрид овој викенд. Бензема заработи повреда на мускулот за време на победата над Реал Сосиедад минатиот викенд и не играше на дуелот со Интер. Во моментов Бензема тренира во теретана и според „Мундо Депортиво“ тестовите ќе бидат направени во петок. Доколку Бензема не е целосно фит, Лука Јовиќ ќе продолжи да го заменува по неколкуте импресивни настапи кои ги имаше неодамна.
Атлетската федерација на Македонија вчера ги додели наградите за најдобрите во 2021 година. За најдобра атлетичарка беше прогласена Дрита Ислами од АК Работнички, додека наградата за најдобар атлетичар отиде во рацете на Дарио Ивановски од АК Делта. АФМ ги врачи наградите и во останатите категории: Најдобри во категорија СЕНИОРИ-КИ : Дрита Ислами клуб : Работнички Дарио Ивановски клуб : Делта Најдобри во категорија МЛАДИНЦИ-КИ : Михаела Лазаровска клуб : Центар Адриан Исмаили клуб : Камјани Најдобри во категорија МЛАДИ МЛАДИНЦИ-КИ : Ана Божиновска клуб : Центар Владимир Сол Б.Битољану клуб : Работнички Најдобри во категорија ПИОНЕРИ-КИ : Снежана Туневска клуб…
Седумкратната шампионка на Австралија опен, Серена Вилијамс, одлучи да не учествува на првиот Грен Слем за 2022 година. „Oва не е лесна одлука, но јас моментално не сум таму каде што треба да бидам, пред се физички, за да се натпреварувам. Мелбурн е еден од моите омилени градови за посета и со нетрпение очекувам да играм во Австралија опен секоја година“, напиша 40-годишната Американка. Вилијамс е надвор од терените од јуни 2021 година.
Ракометарите на Вардар ја продолжија очајната серија во Лигата на шампионите, откако синоќа го запиша седмиот пораз во низа. На гостувањето во Загреб, „црвено-црните“ загубија од ППД Загреб со 23-22. Вардар имаше плус три на осум минути пред крајот на мечот, но на крајот повторно загуби. „Имаме горчлив вкус, загубивме добиен меч. Грешевме кога не требаше, ова беше тежеок меч. Кога играме со Загреб секогаш играме лошо, нема акција, нема проток на топка, дали се создава некоја тензија, не знам. За седум дена не чека важен меч со Е. Пелистер и се плашам дека овој пораз да се одрази негативно…
